Jas zakazav 21+3 valjda e ok vo prvata bremenost Dimcev mi pravese na 21+4, ama sega citam deka Simonida pokasno pravi... Bas me zamisli...aj ako me vrati imam termin i kaj Dimcev
Се гледа. Јас имав закажано преглед 20+ некој ден и планирав скрининг во 22ра. Докторот ми рече да не се ставам пак во трошок, сега да ми го направи скринингот зашто е доволно развиено да види се“, па нареден преглед за еден месец. Во Плодност бев јас, ама без разлика, ОК си закажала.
Здраво, Дали некоја од вас знае во државна на гинекологија каде точно се прави втор скрининг? Матичната ми има закажано термин за 5ти јуни, ама не пишува ниту кој доктор, ниту просторија
Кога ќе појдеш на гинекологија мора прво да завериш кај шалтерите право, мислам не се плаќа ништо, но ќе ти закачи некој лист и на него најверојатно ќе пишува каде.
Како сте задоволни од скрининг на државно? Се мислам дали кај матичната да го направам првиот скрининг(повеке од 200ден) или и во државна може се океј?
Јас не бев задоволна мене ми го правеше Кристина Блажева ужасно поминав. Нухален набор ми измери 0.75мм а во Систина 1.77мм ниту кажа носна коска дали има како изгубена беше. Искрено бирај друга докторка.
Леле и мене овој изродов ми се падна на втор скрининг со првото дете, свашта ми изнакажа. Прво ме смрзна во ординација, во сред зимо отворен прозор фучи од сите страни и уште почна да тресе глупости, детето дека ми имало даунов, мелеше неповрзани работи без врска. Едвај искочив од кај неа, мислам живот ми се скрати.
Жал ми е што си се паднала кај нејзе, мрдната е скроз јас не знам како таа завршила и факултет а не да биде прим. спец. . Јас утре сум кај Ива па ќе видам како ќе поминам од тие што пишувале на форумот и од многу блиски луѓе што пораѓала и им водела бременост задоволни се. Па сеа ќе видиме
ќе се самоцитирам... кај матичната е повеќе од 2000ден не 200 Читам некои се супер задоволни,некои не...ваљда кај кој ќе се паднеш на преглед. @Brpbrp таа Ива во државна е или?
Да во државна е. Ива Малахова се вика докторката. Јас не сум правела кај матичната скрининг, а и мислам дека подобро приватно оди кај посовесни доктори одколку кај матичен.
Не прочитав колку е во ремедика прв скрининг,и јас треба да закажам се мислам каде,некако несте задоволни од државно,или само од некои доктори? 11 +3 сум се двоумиме уште за каде