Во 36ка е. Мене ако ме прашуваш има и на клиника асални сигурно. Но сепак кој може да си дозволи приватно зошто 5-6000 се сега скрининзите. Али дефинитивно кај оваа горе споменатата не се оди
Да скапо е, но барем да ми кажат се дали има некаков проблем,цела недела сум како со менструални болки,повеке време сум во вц ,и пак како да немам појдено таква некоја болка . Со 4 миоми сум најголемиот 6 см. Затоа се плашам
Види, ако ти е скапо скрининг на приватно (реално е прескапо), направи го кај матичниот или на клиника. Приската е тоа, преку крв истите резултати ќе ги добиеш а за мерење ќе одбереш подобар доктор. А приватно закажи за обичен преглед, не мора да биде скрининг на плодот туку ќе ти кажат конкретно за миомите, грлото, и плодот нормално ќе го видат. 1500 или 1800 е мислам во Плодност обичен преглед, заборавив на точната сума.
Ти благодарам,не ми е проблем парите,само да е добро се, и да не се мафтам натамо-навамо,да ми кажат се на едно место ,матичниов некако не ми е конкретен во одговориве. Ке следиме ке видиме вика,и секоја недела на контрола, она како не ти гарантирам каков ке биде исходот.
Добар беше, само хаос од сабајле се изначекав. Единствен човек што кажа иако имаш добри резултати мораш да се боцкаш. Еве на 30 дена извештај па пак ќе дојдеш за месец дена да продолжиме.
Здраво Јас бев на скрининг кај доктор Димчев во Систина, се беше во ред со бебче, има уреден развој без видливи малформации за аномалии и сл.. е сега се замислив што не прашав за носната коска од толку возбуда ни на крај памет само си го гледав бебче и сега ме фати паника Иако докторот ми посочи дека нема индикации според она што го гледа за аномалии.. Дополнително за Приска тестот слушам некои мерки требало да има и со тие се оди на ГАК, јас на извештајот немам колку што можев да забележам, ниту пак матичната ми спомна дека тоа се правело до 12та недела..
Дали на некоја од вас и кажале пол на 1 скрининг во 12 та недела? Јас сум 9 та ,скрининг почеток на јули
Можат да видат ако е добро наместено и се фати, ама ретко кажуваат толку рано зашто уште не е сигурно. И да ти каже ќе биде со резерва.
Да , мене на прв скрининг ми кажаа пол , додуша и сами видовме . Синко сакаше да се покажува . Ако е добро свртено мислам дека ќе ти кажат пол .
На прв скрининг Симонида ,само ми рече според мерења на некои коски најверојатно е женско и така и искочи некаде мислам во 5ти ми потврдија.
Кај мене не успеа да се види на прв скрининг, Димчев рече претпоставува женско но на нареден скрининг ќе знаеме со сигурност секако ако до тогаш не дознаеме
Да за првото уште одма на првиот скрининг се знаеше дека е машко, а сега еве 17 недела сум уште не знам какво е здравје на пораѓај ќе видиме