Здраво денеска правев скрининг,кај матичниот добро е се фала богу носна коска,должина, ок само бебко многу се движеше неможевме да видиме кој пол е . Докторот вика ми мириса на женско ама не се гледа уште ништо. За приска ми закажа во Авицена, искуства некоја ?
Здраво, Јас бев во понеделникот, докторката ништо не збореше со мене( си коментираа со сестрата за некои др случаеви), ако ја прашав нешто краток одговор добивав, на крај само рече здраво детенце се е во ред, испитај д димери, ќе прочиташ во извештајот.....Среќа претходно и на приватно направив скрининг, инаку не би сакала да останам само со одговорот од докторкава, не знам колку е стручна.
Ти благодарам многу на споделеното искуство ❤️ Матичниот гинеколог ти закажа преглед кај докторката? Дали на упатот го пишуваше името на Др.Ана?
Да. Супер поминавме. Докторката како што гледаше и објаснуваше. Ние со мажот ми малце бевме и изгубени, но најважно наодот беше убеден. Фина е докторката, ние сме задоволни.
Здраво феминки јас се двоумам за втор скрининг кај кој доктор да закажам. Дилемата ми е помеѓу Др. Павле Димчев, Др.Симонида Котларова или Др. Ана Данева-Маркова.Ваше искуство и препорака?
Ако сакаш доктор што детално ќе ти каже и покаже се', тоа е Симонида. Димчев е лотарија како ќе ти се погоди со зборење, но е стручен ептен. Јас во првата бременост сакав некој да ми детализира, сега би ми било битно да слушнам "се е во ред, немам никаква замерка" . Данева ми следеше протоци, детална и стручна, но и она многу не кажуваше, само мереше и дека е ок кажуваше
Здраво феминки, во која недела е подобро да се направи втор скрининг во 21+ или 22+? Ваше мислење, искуства
Јас втор скрининг правев точно на полна 21 недела и се си беше одлично . Бебе си беше доволно големо и си се гледаше се. Според мене ќе се види се што треба и на 21+ и на 22+ , одлуката си е твоја.
Јас на три места имам закажано, поради сплет на околности, не дека така треба. На приватно имам закажано во 22+1, кај матичен 22+5, кај докторот што ми дава извештаи за клексани во 23+5. И матичниот и тој со извештаите ми рекоа дека до 24та недела се прави скринингот.
Јас Симонида не би ја менувала ,барем за Скрининг . Све до детал ми објаснуваше. Од броење прсти до броење коски. Буквално се.
Кај се закажа на приватно? Нз дали во ова тема те читав или некоја друга ама знам прашуваше за во Плодност за кај кој доктор. Јас бев сепак кај Кристинка, па задоволна сум, кажуваше се што гледа.