На таа мислев исто е и приска 2 ја викаат некои доктори за полесно објаснување на пациентите. Требаше во авицена да праам затоа прашувам дали е исто и Плодност,и дали правела некоја.
Кај кој доктор си? Не ми препорачале воопшто приска 2 во две бремености. И што се дознава од приска 2? Втор скрининг платив 4500 (или 4000, стварно сум лоша во памтење цифри, некој ќе ме поправи). Обичен ехо преглед е 2000.
Да. Иако јас приската не ја сметам за испитување, не би ја ни правела. Тоа е само софтверска калкулација.
Здраво, 26та недела сум и ми се наближува време за трет скрининг.. па сакам да прашам дали е задолжителен бидејќи многу што ги знам ми рекоа дека третиот не го ни правеле.. 2 скрининг го правев кај Димчев во 20та нед. и беше се во ред после 2 недели бев кај матичниот ми кажа дека плацентата ми се спуштила доле и да почекаме до 28ма да видиме дали ќе се крене.. на преглед сум сега во среда па да видиме дали има некои измени..
Мојот преглед се погоди во 30та недела и кога прашав за трет скрининг ми кажаа нема потреба такво нешто медицински не постои. Мислам дека на прегледот ако видат дека се напредува добро и се е во ред нема потреба од ништо дополнително.
Немаш потреба зошто секако они го пратат целиот развој и се гледаат на секој преглед. Само брисевите гледај направи ги да си на чисто и уживај
Значи да не фрлам пари за ѓабе на третиот скрининг кај Др Димчев? А цел ден се мислам дал да закажам или не?
Немаш потреба измислена работа е јас баш водев во систина бременост и сега водам најбитен е прв и втор скрининг затоа и вториот преферираат да е 21ва или 22ра недела поголемо бебе и се се гледа чувај си пари.
Мене другарка ми кажа 6100 беше пред 2месеци. Пиши како ќе пројдеш јас во петок сум, ти пуштам среќичка
Која недела е најдобро да се направи втор скрининг, сега сум 21точно. Планирав другата недела да одам 22+1 така сум била и со првото
Супер беше.Димчев расположен бесе ми испообјасни се.се е во ред супер е бебче,вика на машко ми личи ама мн е рано уште Иначе 6.500 си платив
Zdravo,nova sum vo celava situacija i mi trebaat vasi iskustva i mislenja. Bremena sum 9 nedela, do sega super se. Me interesira 1 skrining za daunov sindrom koga, vo koja nedela se pravi i vasa preporaka za doktor od vase licno iskustvo.
12 или 13та недела. Јас правев Ремедика кај Котларова и сум презадоволна а овде читам убави искуства и од Димчев во Систина.