Greska si. Toj vtoriot na srce e do 28 ili 29ta. Ja na toj ne odev, samo na prviot. Ama utepaj me ne mi teknuva na nedelite
Значи фактички има 2 скринизи за срце? Еден има од 20-24та недела сигурна сум. Што се проверува на него не знам. Нешто пропуштам во сложувалката изгледа
Јас колку што сфатив вториов што те буни не е задолжителен туку по потреба (не дај боже) или пак по сопствен избор... и тој се прави после овој задолжителниов (20-24).
Вторуот на срце се прави 6 недели по првиот. Се гледа дали уште е добар протокот меѓу коморите, да не се затвора случајно. Јас не бев. Докторот секако го гледаше тоа.
Да де да на твое барање може све, ама по нормален протокол никој не те праќа на скрининг на срце ако нема вистинска потреба. Дури сега прв пат читам прв скрининг, втор скрининг на срце...Ако не каже Димчев, јас не планирам да правам.
Ако има нешто сомнително со срцето се гледа уште на вториот скрининг. Само што кај синко на пример не беше сигурен, па го гледаше на три недели(22,25,2 и пак на крај не потврди, кажа само суспектибилно и ќе видиме откако ќе се роди. Ако имате добар доктор за скрининзи освен ако тој не се посомнева, нема потреба од посебно на срце.
Јас завршив денес со првиот скрининг. Докторката рече супер се мерките, супер е се. Да не се секирам ПРИСКА што ќе каже. Малце се замислив срцето му биеше со 180. Не е тоа премногу? И сега почнав пак со сценарија во глава, ми дале еден лист со мерки: BPD, HC, AC, FL па подоле уште едни FL/AC, FL/BPD, FL/HC, HC/AC, па барам по нет во која граница треба да се... па забегав скроз. Докторкава 100 пати ми рече дека се е во ред, за секоја мерка поединечно ја прашував усно ми ги кажуваше до каде е нормално, до каде е моево, ама ги заборавив. Знам дека се беше во ред. Си праам јадови, кај што не треба ама тоа е. Инаку, спиеше кога отидов, немаше жива сила што ќе ме натера да јадам благо отсабајле. Следен преглед закажан за точно 1 месец, тогаш ќе пробаме пол да видиме, ќе бидам точно 17та недела полна. Па после се разбуди, триеше очи, цицаше палец... абе човече од 5,5цм. Пол не успеа да види, баш кога ѕирнавме натака се разбуди и многу преташе со нозете. И така сега читам мерки и си праам стресови по нетов. Будала ама ај... Боље да не ми ги дадеше меркиве. п.с. Прашање до сите, спомнавме со докторкава за втор скрининг, ми вика да ти закажам Чаир или ГАК, вика добри биле докторите каде и да отидам. Каде би ми препорачале? Прават и кај матичнава, ама на приватно. И дали би направиле вие и + на приватно покрај државново? Да си закажам одма на две места или? Во 21+ недела да закажам? Пред да наполнам 22ра полна?
Здраво на сите имам едно прашање ќе ве молам за совет. Треба да правам втор скрининг( тој што се прави после 20та недела) па ќе ми треба совет од вас за добар гинеколог каде би можела да направам скрининг. Благодарам, имајте убав понеделнички ден
Здраво Читав дека вториот скрининг се прави до 22 недела . Дали некоја трудница правела покасно 24/25 Недела?
На веб страната на систина си пишува до 22 недела. А мене докторот ме закажа за 25 недела . Не знам дали е погрешно? Не знам дали ќе може скрининг да се прави во 25 недела
А сега која недела си? Јас правев кај матичен гинеколог во 20+1, па рутински те препраќаат на второ мислење во државна, но јас одбрав во Систина во 21+3.
Јас бев на 21+0 и сѐ убаво се виде ама ти можеш било кој ден таа недела а инаку и мојот доктор ми го препор Димчев и таму отидов.
Подобро е во 22 недела. Јави се уште еднаш и кажи дека сакаш во 22ра ако не закажи кај друг доктор или на друго место.