Мене ми ја препорачаа Петрова,и кај неа закажав. Цена само скрининг околу 3500,а со приска околу 7500(ова за прв скрининг).
Јас топло би ти ја препорачала др. Котларова. Нема да зажалиш ни малку, ако одиш кај неа..Прекрасна докторка и се убаво детално објаснува...Цената е 3500 ден... Поздрав.
И мене ми беше така исто закажан па посоветувана од неколку феминки тука, да не не се види се добро, па да мора уште еднаш да идам и истите пари да ги давам си го презакажав за у 21 недела.
Сакам само да споделам информација која можеби ќе му се најде на некој корисна, дека втор скрининг на срце кај Драшко во Систина платив 1350 ден. за разлика од првиот кој беше 2950 ден.
Браво те поштедиле. Јас три пати одев кај него и секој пат си плаќав 2900. Откако се породив дури и 4000 ми земаа
Па нели после пораѓај е бесплатен тој скрининг за бебето? За некои работи како цените од ракав да ги тресат таму, или ценовниците им се менуваат толку бргу