Се согласувам. Човекот е сосема ок, кажа што треба, ми покажа се што треба, кажа нема замерки, супер е бебето, си напиша извештај. Што ако збори некој 40мин, а пак не гледа како што треба? И на втор ќе одам кај него.
Втор скрининг имам закажано на 18.01, тогаш ќе бидам во 23та недела. Прочитав дека 3-4 саати пред преглед не треба да се јаде, дали е точно?
Се помина во најдобар ред? И кај мене вчера на втор скрининг во 19 недела се утврди 1 артерија наместо 2 во папочната врска, иако развојот на бебето, органите и се друго е супер. Според ехоскопистот и акушерката најверојатно изолирана девијација без последици по здравјето на бебенцето. Овде каде што живеам Нифти (нипт) и два скрининга се регуларно вклучени во пакетот бесплатна пренатална грижа, и сите резултати од тестовите до сега се ок без абнормалности, но ме пратија наредна недела на еден степен повисок специјалистички скрининг по стандарден протокол за второ мислење. Се надевам се ќе биде ок и таму во минатото не се извршувала стандардна проверка на крвните садови во папочната врвка, освен ако нешто друго не е во ред пример хромозомско или срцево нарушување, и не било познато дека единствена артерија без резервна втора може да се јави изолирано и без други последици. Како што ми кажаа во последно време од кога се проверува и има достапни податоци е честа појава околу 15%, особено кај мајки над 35год што носат девојче . Препорачаа дека треба да се посвети внимание на растот на бебето на крајот на бременоста, да се осигура дека има доволен проток нутриенти низ врвката и во спротивно да се индуцира вагиналниот пораѓај (наместо да се чека да почне сам од себе). Ако има некој друг информации за ова ве молам споделете таман се опуштив дека сите резултати се ок сега ова иако не изгледа сериозно ме загрижува по малку
Девојки, прв скрининг кај матичен се прави или? Друго ме интересира која недела се прави? И на ГАК дали има некоја правена и е задоволна?
Ако не планираш да правиш пренатален, прави си кај добар доктор специјализиран за скрининзи. Се прави и на Гак, немам искуство за таму, не знам дали може да се бира лекар или кој ќе ти се падне. Се прави од 11та до 13+6нед
12ta nedela pravev jas kaj dr Koteva. Doktorkata ok mi se vide, detalno i posveteno gledase 30min. Na kraj mi kaza deka e se vo red i mi dade izvestaj. Upatot mi bese za priska ama mi napravija i skrining. Jas imav zakazano vo sistina za privaten skrining ama go otkazav odluciv da i veruvam na doktorkata deka se e vo red
Слаѓана Симеонова на ГАК, сега ми правеше приска, прв скрининг, во првата бременост втор скрининг и ме водеше до крај. Супер е докторката, посветена е многу.
Да толку го платив, а бев на 29.12. Колку што разбрав од нова година навака е поскапен прегледот и изнесува 7.000 денари
Да треба да објасни. Тоа е една од задачите на докторот. Можеби не секој е заинтересиран за објаснување ама таму каде што има интерес и те како е должен да даде детални информации. Не кај секој еден е доволна информацијата се е во ред. А ако не му се допаѓа тоа не мора воопшто да работи.
Мене ми кажаа орган по орган како се развива, што е веќе создадено, димензии и во кој стадиум потоа како што бараше потенцијални аномалии, споделуваше директно дека не се присутни (за среќа). За да го направи искуството попријатно, рече дека бебето е многу фотогенично и испринта сликички на втор скрининг најде мала девијација но транспарентно и нежно објасни во детали дека ризикот е многу мал и ги објасни мерките сто се превземаат за секој случај. Можеби за некого е премногу информации, но јас преферирам транспарентност (мое е бебенцето и користам услуга, во случајов трениран медицински персонал, за да го следам развојот на бебето и во случај на проблем да реагираме веднаш и доколку е возможно да му помогнеме на бебенцето)