Женски ај кажете ми кога најдобро да одам на прв скрининг во која недела ? се мислев за др.Елма од санте плус Дали имате искуство кај неа? Или предложете некој добар што веќе сте биле и посветува внимание, инаку цената е 3750 кај Елма
А имаше закажано 3 месеци пред терминот? Јас лани во март бев последно, а треба секоја год да идам Инаку имам и фамилијарно, мајка. А и бремена сум Незнам да чекам до крај здравје или и сега со бременост можам
Мислам дека ехо да гради во бременост не се прави поради хормоните и отекувањето на градите ама прашај си .. мое мислење и добронамерен совет поради тебе и бебе мора да се опуштиш само си правиш стресови постојано ...
Да, закажав почеток на октомври. Некна колешка прашала прв слободен во мај. Јави се навреме. Морав да направам ехо, имам цисти, мајка ми почина од рак на дојка, во ризична група спаѓам. Може да се прави ехо. Се гледа убаво се, си стојат цисти, немаше промена.
Жал ми е за мајка ти А каков тип на рак имаше мајка ти Кој степен? Јас имам мастодинија, незнам што значи ова, во лева града има 11 год. Прашав вчера прв слободен 15 мај. Незнам со бременоста дали е оваа чудна болка и израстокот или нешто друго
Јас бев пред некоја недела дека имам фиброаденом веќе долго време и е препорачливо да се следи во бременост. Исто ми излзезе и папилом на ареолата. Докторката ми направи ехо и ми рече можам или пред пораѓај или после пораѓај пак да отидам. Не ми спомна не се прегледуваат гради за време на бременост туку напротив секогаш ми викаше ако останам бремена да отидам . Јас одам во центар за дојка долго време и докторката е срце .
Да, колешка имаше фиброаденом и Маја и кажала ако остане бремена, ако планира, да оде кај неа пак на 6 месеци, не на година. Мора да се следи се иако сме бремени. И мене Маја ми кажа после година, таман ќе мине некое време од доење, да отидам.
Инвазивен дуктален мамарен карцином, многу инвазивен за жал, позитивен на естроген и прогестерон, 3ц стадиум, многу зафатено беше на лимфни јазли.
Мајка ми имаше исто проширено на лимфни Извадени беа 12 од кој 3 метастази Инвазивен 3 степен A таков е Имаше 6 хемо па операција па 15 зрачење и чекав тоа ливче од патологија излезе дека е тројно негативен рак на дојка Ми рече онкологот дека тој тип е најлош и нема потпора нема лек да пие туку ќе доаѓа да се следи и се зависи од нејзин организам Сега чекаме пет скен Крај на март има ехо дојка ехо абдомен ехо срце и гинеколошки па ќе видиме Дај Боже да нема местази никаде На тумор маркерот за јајници CA-123 се сомневаат дEка има нешто зошто до 35 е границата на мајка 179 последно беше
Женски дали е штетно ехото ако се прави на помалку од 3-4 недели и дали е во ред да се отиде на 2 различни места за прв/втор скрининг во иста недела?
Здраво женски. Дали имате препорака за доктор од ГАК за прв скрининг ? Сакам мислење и од доктор од клиника, а за второ се мислам помеѓу Димчев и Котларова? Ако може совет и препорака од искуство.