Имам едно прашање, за втор скрининг ќе си одам кај матичната, но сакам да одам и на второ мислење на ГАК. Кој доктор го препорачувате? Прва бременост ми е и воопшто не сум запознаена со докторите.
Димчев е супер. Може стварно не зборува многу, ама си е стручен. И за Котларова сум слушнала дека е одлична. Па каде и да одлучиш, на време само да закажеш. Зошто чекајќи во Ремедика, јави некоја женичка за Скрининг и како што сфатив дека термин за периодот кој што таа бараше, немаше. Затоа на време да си јавите и закажете. Јас правев па прв Скрининг кај Афродита од Ремедика и докторката ме воодушеви. Иако со другите дечиња правев кај Димчев, сега би правела и втор кај неа со третово. Детална, од глава до пети се живо посебно мереше и провери на бебче. Мозоче, стомаче и органи, срценце, протоци, папочна, матката. Така да шкртнам тука и за неа искуство..
Сега во оваа бременост правеше кај Афродита? А Ефремовски ми ја предложи ама јас кај Котларова закажав веќе зашто Афродита на еден преглед ич не ми обрна внимание, многу лош впечаток ми остави.
Сега да, на 14ти бевме. Јас кај Јане одам и он ми ја предложи неа (дека на ехо бебе ни криеше лице и носе и носна коска неможеше да најде докторот, а јас и загрижена за приската бев), па закажавме кај неа детално да ме прегледа, за мирна глава. Бев со маж ми и ќеркичката. Многу убав однос со сите имаше. Дури со малава се изнаправи муабет Доста време траеше прегледот. Наочарите си ги имав заборавено за гледањe (за далеку) и ми ги даде нејзините За да можам убаво на екранчето напред на ѕидот да го гледам бебе. Со малава заедно броеја и прстиња на рачиња, ноџиња. Толку детален преглед никогаш ни со првите 2 не сум имала. Буквално се, немаше што не провери. Цело тело, сите органи, секое кофче на телото. Да не брзала тогаш нешто незнам...
Arta Bina na Gak NIKAKO na skrining... Idiotka nevidena e.. Za Livrinova slušnav, deka i jas baram za 2 skrining, ne pravela, odnosno ja nema vo spisok na lekari na moj termin
Денес бев кај Димчев на 2 скрининг, се е во ред, органите се супер, ама виде дека бубрежните чашки биле малку проширени. Кажа не било страшно, само да не испаничам ако ми кажала и матичната што досега нема кажано. Во извештајот пишува:минимални пиелектази помали од 5мм. Совет, мислење? Сте имале ли ваков наод?
Само ќешарица да имаш. Името не сакам да и го слушнам пишував и во сруга тема за нејзе второ име и е накитената. Ако сакаш да те третира како човечко суштество бара ќеш. Али подалеку од Кристина Блажева