Да ве прашам дали правите и скрининг и пренатален? По кој редослед? Јас имам закажано кај Димчев за скрининг.
Дали ќе се прават двата е личен избор. Прво се прави скринингот со ехонпа после пренаталниот. Јас искрено ги правев двата така одлучивме дома со мм
Дали знаете каде е или кој број е оваа амбуланта? На упатот ми пишува Суб-специјалистичка амбуланта за фетален скрининг.
Здраво на сите,пред неколку дена бев на втор скрининг кај Гордана во Систина и на ехо не можеше да се измери убаво грлото на матката,па ми мереше и вагинално и со прсти. Кога почна со прсти да ми мери почна силно да ме стиска врз бешиката дали е тоа нормално?јас не ја прашав ништо ама после неколку дена ми стана шубе да не му наштети на бебето, не знам може е глупо прашањето но ако некој имал вакво искуство нека сподели. Јас не се сомневам во стручноста на докторката ама пак…
Мене вака ме прегледаа во Чаир на дежурно во 18та нед. Незнам каква пракса им е тоа, ама јас шлогирана бев.. трето ми е и со другите две така рана недела не ме прегледале. Инаку оваа што ме прегледа рече не е меко грлото, не си отворена... Колку ти измери цервикс? Шанса нема да не можела ич да го измери..
Цервикс 38мм, не знам прворече на ехо не се гледа убаво, па вагинално гледаше, па потоа со прсти и почна да ме стиска врз бешиката..дали треба да се грижам? Јас не изреагирав веројатно бев у збунка,ама еве после неколку дена се запрашувам дали е во ред така што ме прегледа..
Незнам и мене така во Чаир.. не за бешика ама на препон ме држеше со едната и стискаше, со другата буташе во грло Ме болеше доле после тоа, до наредниот ден... 24та сум сега, океј ми е цервиксот.. така да не се плаши, ќе бидеш добро чим океј бил цервиксот
Дали на скринигот кај Димчев би го пуштиле маж ми да влезе? До сега стално е присутен на сите еха, па би сакала и на скринингов да е.
zdravo , dali moze da mi kazes vo koja ambulanta bese so 7D eho treba da mi zakazat tret skrining pa sakam da go vidam bebceto po ubavo da odam i jas.. Istrazuvav na moj termin soba 28 kako sto si pisala no ne mi izleguva , ako netie tesko da me upatis? Blagodaram
Не знам кој број е амбулантата. Позади шалтерите е, мислам пишува на вратата амбуланта за фетален скрининг и супервизија, има грчко знаме на вратата. Може ја нема на мој термин, стварно не знам, јас се договарам со докторка директно.