Јас па одма успеав. Со меилот на ујп што ми е, пасвордот не го знаев и стиснав за да направам нов и ми пушти на меил. Сменив и влегов. Одма ми ја отвара секој пат..
Апликација на која ги имаш сите упати и резултати во последните па скоро 10 години што ти се извадени и издадени. Твои резултати.
Позитивна оцена за Димчев и од мене. Се познава дека е професионалец човекот. Маж ми се нервира дека не зборувал многу. Ама мене битно ми беше да ми потврди дека е се' во ред. п.с. Поскапено е за 500 денари цо Систина за скрининг. Беше 7000 ден, сега е 7500. Инаку прашање - Во која амбуланта е 7D ехото на ГАК? За каде точно ви даваат упати? Веќе кога ме следува, нема да е на одмет и на 7D сликички. Во Систина беше 3D... И белким ќе биде завртено со газето а и за пол, сега цело време се вртеше и мрдеше и криеше.
7D? Jas prv pat slusam za ova. Kolku sto znam vo sistina e 4D. I na klinika treba da e isto. 7D neznam dali postoi takvo ako znae nekoj nesto poveke neka spodeli.
Немам отидено, овде пишуваат дека било ново донесено на ГАК. Ама изгледа во една амбуланта го има само, па на кој како ќе му се потрефи. Инаку во Систина на 3D ме гледаа, не и на 4D. Не знам зошто така.
Вака значи, сега проверив што сум пишувала со докторката. Се работи за амбуланта бр.28 иако горе пишува над врата 50. На самата врата има грчко знаме, еве на сликата како е точниот назив на амбулантата. Се наоѓа позади шалетрите кај главен влез. Е сега не знам дали ако барате од матичен упат може за таа амбуланта ама проверете.
Па тука прават скрининг, јас бев тука во понеделникот, и ехото беше врв, мислам машината за ехо. Предобра беше. Ама те гледа секако повеќе видови уклучи докторката.
5D е највеќе. 7D не постои на ултразвук... 7D само во кино Се вика 7Д дека се осеќаат движења, звуци, ветрови, вода, сензорни активности Во Систина е 4Д, исто и Афродита што ме гледаше на тоа ехо е 4Д. Кај матичната е 3д, исто и кај Јане во Ремедика во таа амбуланта е 3Д.
Да да, тука е 5д 7д или колку и да е д ехото . Јас имам слика од синко баш како изгледа од вториот скрининг од ова ехо.
Јас бев вчера на ГАК, упатот ми беше за амбуланта за фетална супервизија и бев во 50ка (со грчкото знаме), во собата од лево внатре (бидејќи видов и во десната имаше ехо). Ми се погоди Николовска Елена, и не сум задоволна искрено. Ме гледаше 3 мин, само 2D, успат и на телефон си збореше и на вибер пишуваше... Ми даде три сликички, и сите три се од цистите што ги имам. На ниту една го нема бебенцето Среќа си бев кај Димчев пред два дена. Чисто сакав овде бидејќи ехото ми го фалеа многу, ама изгледа и зависи кој доктор ќе ти се погоди и со какво расположение. п.с. Димчев ми рече девојче, на ГАК ми рекоа машко. Ама секако следна недела од панорама ќе стасаат резултатите.