Мене ми рекоа дека сега е на одмор крај на јуни. Ако е ко што викаш аман човеков цел месец на одмор јас сакав баш таа недела од 15ти до 19ти што е да закажам. Пошо после сум на одмор, ваљда оке е и во 23 та да се праи скринингот. Пошо сакам кај него обавезно.
Немале термини пуштено од 15ти, баш денес прашав... Ми рекоа после 25ти Јуни да се јавам. И јас сакам тој период, од 20ти одам на одмор.
И јас тогаш одам на одмор, мене па ми рекоа крај на јуни да се јавам. Ќе звонам тогаш, се надевам ќе биде тука он. Стварно сакам кај него да одам.
Од 18 до 22, но, докторката ми кажа дека практикувале 22 заради срцето, тогаш било најдобро да се прегледа, но се прави и порано од 18та.
Од 8ми јули е, до кога не се знае. Не ни закажуваат за после 8ми. Јас денес си закажав за во петок на 5ти. Нема да сум полна 21, ама тоа е... После пак јас ќе одам на одмор, и ќе требаше во август дури.
Сега може само до 8ми јули да се закажува, ма да веќе и да нема слободно. Мене 3-4 термини ми понудија. Инаку после 18-19 полна може за втор скрининг. Јас сакав да сум 21 полна, ама со одмориве нема да е можно.
Јас 19+ закажав одвај последен термин слободен беше… се надевам дека е оке 19+3 ќе сум тогаш. Секако ќе одам и на гак во 21ва ама пак некако сакам Димчев да ме прегледа.
Направив кај матичната прв скрининг со приска (ќе правам уште еден кај Димчев ама тогаш ќе бидам веќе 13+6). Мерките на ехо беа супер, нухален набор 1.2мм и носна коска што во приската по грешка не ја запишале како present. Еве ги резултатите од приската, имам 29 години. Матичната вика океј е, а јас сум во тешка мисла дали да правам пренатален или не. Ме плаши она biochemical T21 зошто не е 1:10000 како другите. Ваш совет и мислење?
И кај мене немаше нухален внесено, кај сите скоро забораваат. Супер е приската. Јас искрено мислам дека треба да е задолжително и безпари или приступачна цена пренатален. Јас и покрај се што беше оке ми рекоа да не правам, за себе си направив. Со маж ми одлучивме за себе да направиме. Јас би направила, али не е дека мораш.