Некој што бил на скрининг на ГАК, дали може и сопругот да дојде, дали ќе го пуштат во амбуланта со мене?
Мене со мрчење ми дозволија, кога им реков сакам и сопругот да влезе па што ќе ти е маж ти ми рекоа секако мало е бебето и така ништо нема да види. Им реков ако, сакам да влезе. За прв скрининг беше ова
Колку само тогаш баш се гледа цело бебе. После расте и неможе да се види со едно ставање на ехото. Дел по дел гледаме сега, дека и веќе големо е.
Прв скрининг кај Димчев супер пројде. Се гледа дека е стручен, ми посвети долго време и се детално прегледа. Бебето е супер и анатомски и морфолошки. Ми се допаѓа што не форсира пренатален, што се одлучивме дека нема да го правиме.
Димчев е многу реален исто и мене ми кажа немате потреба, ако толку вие сакате ваш избор. Ти кажа ли пол
Му реков уште пред преглед да не ми кажува, ама ако е 100% сигурен да ми пише на ливче да си направиме со маж ми балонче или тортичка. Во првата секунда како го виде бебко рече аха, мислам дека знам што е ама ај не ти пишам да не излезе друго, сепак мало е па после ако згрешам ќе речеш овој докторот врска нема. Супер е докторот, ме опушти и ме насмеа, знае како со пациент и што е најважно гледа детално. Многу ме нервира кога некој сака да те пројде ради реда. Здравје и за породување сакам кај него. Едит: и за лакуните рече да не се замарам ич, само редовни контроли.
Ете гледаш ли, се ќе е супер. Димчев не греши, што пишал на ливчето тоа е да знаеш. Мене исто ми запиша кај него пошо ние му рековме дека не сакаме да ни каже, и вика ајде ќе ми кажете на следен преглед што е да видам дали сум погодил. И утре сум таман. Иначе баш е таков интересен и знае да опушти јас тогаш баш и кафен исцедок имав и излегов од кај него пресреќна и опуштена и баш како татко да ми е имаше однос и тоа многу ми се допадна.
Топ е Димчев, јас и првиот и вториот скрининг кај него ги правев. Расположен беше, се смееше. Во први 2 мин виде дека е цурица мојава, ја па претчувство имав дека е цурица и ете, погодив а погоди и он немирна беше мојава ама одма рече, ова девојче е што имав го прашував, на сè ми одговори. Стручен си е, тоа нема збор.
Да го пофалам и јас по втор пат Димчев, супер си беше докторот, малку со мене се измачи, никако да се наместиме за да се види дека моево пола маткиче на десно е. Бебче само мрдаше, клоцаше, се криеше хаха ама битно се си е во ред. Ми посвети внимание и за цервискот, отиде и кај Панчевски да му каже да ме прими и петок ми закажаа серклаж.
Па зашто не можеме да се погодиме 19+3 ќе сум. Пошо после е на одмор он па јас сум и нема кога. Ама секако сум и на Гак после пак и таман ќе е . @nikja
Vtoriot skrinng go pravev kaj Dimcev.Mnogu strucen I professional en doktor.Sekoja cest,vredi za parite.Sto ke kaze taka e
@Cherry blossom89 второ чекаш? Јас како да те прочитав неодамна дека се породи. Ама изгледа сум те помешала со др членка
Нее, ама уште манијачам по темине за бременост се гледа дека ми фали бременоста ќерче ми е 7 месеци, за неа пишував
Хахахахахах. И јас чат пат читам во теми бременост, да ти кажам и мене ми фали да сум трудна, ама толку беше, пројдов јас два пати