Утре ми е трет скрининг, и дојдов само да кажам дека сум превозбудена некако хаха. Едвај чекам да си ја видам лепотицата што ме мава каде ќе стаса. Од Февруари сум бремена, и веќе нестрплива сум, некако многу време помина и уште сум бремена.
Девојчиња да прашам, знам дека Димчев е нај фален за скрининзи. Кај него бев за прв скрининг, но од серклажот ме води Панчевски и последниот преглед ми направи и втор скрининг, се беше во ред и стварно подолго ме гледаше. Само јас сега се чудам дали треба да одам и кај Димчев?
Јас кај Данева ќе одам. И прв и втор бев кај нејзе, презадоволна. Се детално објаснува и толку е смирена и позитивна. И сега пак кај нејзе ќе одам.
Втор и трет скрининг кога е ?? На вториот што гледаат и на третиот ? Мислев само прв скрининг дека треба за нухален набор
И вториот скрининг е многу битен, тогап бебето е поразвиено, се гледаат убаво органите протоци и сл. Третиот не е задожителен, вториот е, се прави од 20-23та недела.
Да матичната ми закажа кај Данева, а јас си бев и кај Димчев. До сега сите три така ми се. Кај двајцата. Еве сега ќе одам кај Данева, кај Димчев бев пред недела дена.
Уфф не би ги споредила искрено. Скроз различни специјалисти во својата струка. Кога би бирала да морам, Димчев би го избрала. Ама далеку од тоа дека Данева не е стручна. Се води како една од подобрите докторки за ризична бременост. Иначе кај Димчев е 7750 скринингот, кај Данева ти е без пари, бидејќи е државно и си трудница. Јас сакав второ мислење за сите три затоа. Така си одам, ама искачам наполнета со позитивна енергија и од кај двајцата.