Здраво, да прашам за прв скрининг во Систина и Ремедика го прават само скринингот или зимаат и крв за Приска, како е постапката? За првото за приска бев во државна а скринингот, мерките ми ги правеше матичниот, а гледам дека тоа никој не го практикува, а мојот не ме праќа на скрининг ни во државна, туку само за зимање крв. Малку ми е сомнително така да оставам со оглед што мојов има стара апаратура па сакам да се распрашам како е на приватно
Па не прават, ти ако сакаш ќе си одиш, мислам околу 4000 денари е приска. Иначе на државно те праќаат одма после скрининг. А вака на приватно е ти што ќе си побараш и платиш.
Јас се извадив од памет, некаде читам до 12 недела се прави, и си реков каснам со скринингот а и со тестот
Неее, не се секирај. Јас 13та+ правев скрининг, а за пренатален дури на 3то боцкање ми изолираа ДНК, а измеѓу секое боцкање чекав по две недели за резултати...
Мене ми избра кај најзе коа бираше матичната. Ана е само понеделник од 8 до 11. Да знаеш. Амбуланта 28.
Здраво девојки, за околу две недели треба да го направам првиот скрининг, па би замолила некоја од вас да сподели искуство во однос на тоа каде е подобро да го направам дали на приватно или државно. Матичниот гинеколог ми кажа дека тој прави некакви испитувања, а истиот ден ми рече да одам и во државна. За какви испитувања се работи? Дали резултатите ги добиваме веднаш или мора да се чека, бидејќи знам дека за пап тест се чека подолго време. Прва бременост ми е, па сакам да знам што како, да не испадне после дека сум задоцнила со резултати и слично. Извинете на подолгиот текст.
Матичниот може прави скрининг а во државна ти рекол за приска да одиш истиот ден. Според мене и државно има добри доктори,ако има некаков ризик тогаш добро е и на приватно да се побара мислење
Дали на втор скрининг Димчев мери и цервикс? И дали е со абдоминално ехо? До сега ми нема никој мерено,па сакам да си побарам на втор скрининг да ми измери димчев
Да мери, можеш и да му спомнеш слободно ќе измери без проблем. Иначе абдоменално, не се гледа веќе ништо вагинално, големо е бебето. Веќе само абдоменално ќе те гледаат.