Здраво феминки Јас редовно ве читам но сега прв пат ви пишувам. Јас сум 24 та недела и го поминавме вториот скрининг во 21-ва недела. Но никој не ми спомна за скрининг на срцето. Дали некој знае во која недела се прави точно тој скрининг и дали мора да се прави? Ви благодарам
Јас бев крај на 20 недела на вториот скрининг и тогаш ми рекоа дека доколку сакам можам да направам и скрининг на срцето 24 или 25 недела.
Јас го правев скринигот на срце пред една недела и докторот ми рече дека се препорачува да се направи двапати во бременоста овој преглед, но сепак одлуката си е ваша. Јас морав да го правам од други причини и затоа бев.
Поради тоа што мене докторот ништо не ми спомна,а ми е прва бременост. За скринингот на срце разбрав од тоа што ве читам вас редовно, па сакав да прашам за ваши искуства. Ти благодарам
Не, не го направив воопшто затоа што докторката меѓу другото го гледаше и срцето и рече дека е се уредно, демек ако сакам можам да го направам. Иначе сум 37 недела више
Во која недела го правевте/ќе го правите 2 скрининг? И каде? Јас се мислам меѓу Митко Ивановски и Димчев. Правела некоја кај Митко? Дали е ок за скрининг, еднаш бев на преглед, супер ми се виде човекот, не за џабе ми го имаат испофалено. И уште нешто..сега сум 19 недела, за колку време закажуваат во Систина?
@eli25 јас правев во 21+2 кај матичната, ама сакав да слушнам и второ мкслење и да го видам бебето на поубаво ехо па бев во Систина кај Гордана Петровска беше дојдена во Битола. Колку што знам таа и Димчев ги прават скрининзите. Тогаш бев 22+4, многу убаво и детално ми објасни и многу поубаво се гледа на нивното ехо.
Јас би ти препорачала Димчев зашто баш тој и Петровска имаат специјалност плус за тоа. Јас ја следам бременоста во Систина кај друг доктор и тој самиот ме прати кај Димчев. Инаку јас во 23 недела го правев.
@Black girl и ја мислев кај него, уствари дека бременоста ја водам во Ремедика сакав кај Петрова , ама сега се јавив уште е на боледување, а ги правела скрининзите Котларова. Кај неа нема шанси да одам , зошто прв пат кога имав спонтан, со рез . од бета хцг и без да ме види на ехо ми рече оди дома лежи ако крвариш повеќе дојди да те исчистиме! Без терапија. Да си се јавам јас со време во Систина.
И јас имам лошо искуство од еден доктор во Ремедика со првиот спонтан и не одам таму, ама тоа не мора да значи дека таму не се стручни. Инаку оди си кај Димчев, тој не збори многу, си гледа и си мери.
Закажи си кај Димчев, ич не му ја мисли. Инаку термини има најмногу за две недели однапред, порано и да сакаш неможеш да закажеш
И јас ти го препорачувам Димчев. Јас вчера закажав за другата недела. Пред 3 год мислам беше 4000 ден. Дали знаете колку е сега, конкретно во Систина?
Aaaaaaaa abe banknotirav jas Moze da prasas kolku ja cinelo ako ne ti e nezgozdno. Da znam kolku pari da spremam Uffffffff