Чисто ете едно инфо, денеска бев на два скринизи за 12 нед, така се погоди во ист ден. Приватно кај Др. Афродита ремедика, одлично поминав немам коментар. И сега завршив на Гак бев кај Др Ана Данева. Малку чекав може 40 мин, не го прими сопругот, и вагинално ме прегледуваше. Си ќути гледа и со специјализантка една и објаснувше. На крај вика добро е и само го сврти екранот да ми покаже 3Д слика. Така да не беше лошо фина беше како докторка ама не објаснуваат и не гледаш ништо.
Незнам искрено, а има простор. Ама тоа е, назад сме со све ајде може немаат услови за пораѓај да присуствуваат ама ехото е обичен преглед што стварно сакаат да се дел од тоа.
Можно е, ама бебето е тогаш премалецко и не се гледа убаво, па докторите често знаат да грешат. Кај мене дури во 19та недела се види полот на ехо, мада што ние веќе знаевме од 11та недела дека правев пренатален тест.
Јас правев пренатален и го дознав полот. На прв скрининг во ремедика кај др.Афродита, без да знае за резултатот од пренатален, погоди дека е женска
Некој да не има информација следна среда на Гак во амбуланта 1 соба бр.37 кој е за скрининг прва смена и каде воопшто треба да влезам за оваа просторија да ја барам?
Инфо кој доктор е немам, инаку се наоѓа од шалтерите за наплата лево по ходникот до доле па пак лево. Пишува амбуланта за трудници и бројка 37 обележана е.