Јас со првото пред година и пол две,правев кај Митко тој и ме водеше и ме породи, и тогаш платив 6000.
За втор скрининг матичнава ми закажа во соба 37 на гак и усно ми кажа дека е за кај Ќаев, ама на упатов ништо такво не стои, само број соба и фетално иследување. Имате искуство докториве како се по амбуланти за скрининг конкретно ова е петок крај на јануари?
Ајдееее мене терминов ми е попладне, таков не постои на листава којзнае што закажала, правел некој скрининг после 16h на гак?
Јас правев прв скрининг во 5 ипол попладне кај Др Данева чекав малку има и други дошол некој вака некој така.. Јас сум сега рано 8 ипол кај коцевски на втор. Ќе видиме како ќе биде
Искрено матичнава со сила ми го закажа јас секако во систина ќе си го направам асално после 21ва недела, матичната запна кај Ќаев гледам термин кај него нема никогаш, да го фатиме … викам ајде ок ќе одам нека бидат два, еден приватно еден државно. Овој на гак ќе бидам 20+0рано некако
Јас ќе бидам 20+4 на вториот скрининг на гак а приватно со докторкава рековме ќе се договориме, да поминат празнициве сега сум со терапија за кандида и тоа ми правело така болка струја. Подобра сум многу на три дена ставам по една вагиналетка.
Еј кандидата е безвезе не е страшна ама прави исцедок и нелагодност, што ти даде полигинакс или канестен? Мене летоска после пороѓајот ми се појави ама одма се средува не е како други бактерии да се влечка
@Baby warrior @Ladyme Ние три сме ептен блиску со термините Ве читам правите по два, државно и приватно и сега ме ставивте во мисла. Јас само по еден правам, приватно. На 21+3 ми е вториот сега, а веќе е доцна за на државно да земам упат… утешете ме дека е ок и со еден
Најискрено ти викам не ни планирав на гак да се појавувам ама ај матичнава запна, секако имам безвезе искуство од таму од минато. Плус мислам дека рано го закажа на штотуку влезена во 20та недела
Дааа, јас за првиот само во систина кај мојата докторка си бев, све изгледаше супер ај вториов поише имаат што да гледаат сите органи си се развиени си функционираат плус да имам мирна глава почесто да си ја гледам цуцкава, зошто на 3 недели ме фаќа по некоја мисла дали е се ок пред некоја недела бев кај матичната онака, што убава сликичка ми направи се надевам и на скринзиве ќе ја фатиме убавко
Дежурни се тие попладне, Ќаев ќе биде чим така ти рекла. Таман си, јас кај Димчев правев во 19+3 а кај Данева 21+1 така да таман е од 20та.
Инаку вториов скрининг вагинално е или преку стомак? пробував да најдам инфо на гугл ама различно ми искача
Mico penotran ми даде на три дена по едно и уште едни тие после кога ќе завршам со овие и брисеви ќе правиме после. Мислам све од настинката што ја имав ми го обори имунитетот.
Идам приватно не знае матичен мн се суетни, а на гак сам ми закажува викам секако е бесплатно ќе слушнам мислење. Никој не кажувам ништо ни таа приватно незнае за гак. Мирна глава.
Мене преку стомак ме гледаа и првиот скрининг. И матичната од 15та недела па наваму ме гледа абдоменално.