Како и се радувам на сликичката мојата е со папочна врвка преку рамо како герданче одвај чекам наредна недела во систина на контрола да ја видам пак Да да од настинки/грипови кај мене кандида на неколку години е обавезна … летово ми даде матичната и некои вагиналети ladynesto се викаа не ми текнува на точното име како за обнова на флората целосно после канестенот и сега во 12та недела брисевите ми беа гланц ништо немаше ќе се среди кандидата не е ни опасна за бебувка немај гајле, тебе поише ти праи нелагодност.
Јас денеска бев на 2 скрининг кај Димчев, се е во ред со бебето. Ми рече следно видување за 3 скрининг во 30 недела, ако сакам да го правам. Одевте вие на 3 скрининг? Прашувам пошто со првото не правев трет јас.
И мене ми рече дека не морам кај него да одам за трет скрининг ,дека можам и кај матичен кај нас . Ама јас отидов во Струмица кај Маџунков , ми беше "страв" само за кај матичната да оставам. Иако после и кај неа правев и ист наод добив како и од Стр
Ако имаш добар матичен не мораш на приватно. На трет се фокусираат на постелка, протоци, што и матичен со убаво ехо може да измери и увиди промени. Приватните го наплаќаат како преглед, т.е. поефтин е.
Ако важи истиот распоред значи јас имам термин за кај Др.Далипи А. Искуство некој има со овој доктор/докторка да сподели?
мајки се мислам за прв скрининг дали кај Димчев или Санте кај Адамова ? закажувањето го правите телефонски кога вас ви одговара или они ќе кажат и колку пари се скрининзиве што се први во систина, санте и ремедика чисто за споредба и на крај кој го препорачувате како најдобар ?
па или кај него или гордана петровска прочитав убави мислења за нејзе прегледи прават ли за викенд сабота недела???
Другата недела имам закажано кај Димчев за прв скрининг,се јавив со време сигурно пред три недели и за цена ми рекоа 7900
која недела сте вие ? прочитав дека прв скрининг се прави до 11 до 14 недела , дали во систина има доктори што работат во сабота за скрининг или само од пон до петок?
Сабота и недела на дежурство едино ако се договориш некој да те гледа, иначе термините се од понеделник до петок.
јас да се пријавам закажав за 2 недели за прв скрининг кај Гордана Петровска , што точно мерат и гледаат на овој преглед дали се мери нухален набор? и на 4д ехо или обично?
Нухален набор, единици мерки за главче, стомаче, фемур, должина на цервикс и ми кажуваше што гледа .. дел од органите. Во систина правев и јас гледаше и 2д и 4д наизменично зависи што мереше во тој момент.
Извинете мешиња опрајте ме како се вика првиот скрининг 4Д што го прави др.Димчев околу 12 недела ? Под кој назив Приска? Нифти?
Ништо од тоа тестовите како Нифти се пренатални тестови и тоа се прави така што се зема крв од трудницата, а Приска е повеќе како компјутерска проценка врз база на податоци од трудницата, мислам и преглед од доктор(јас тоа немам правено, ретко и кој прави денес) ама Димчев не прави Приска, кај него само се прави скрининг.