Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скрининг

Дискусија во 'Бременост' започната од Nina. 1992, 11 јануари 2017.

  1. LanaDelR

    LanaDelR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    2.071
    Пол:
    Женски
    Моето искуство со доктор Димчев е прекрасно,некои пишуваа дека не збори многу,напротив си разговараше цело време,прашуваше,покажуваше,ми објаснуваше.
    И дали навистина може да се одреди полот на прв скрининг?
    Кажа мислење,па ќе видиме :hai:
     
  2. Iva.T

    Iva.T Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    1.194
    Мене ми погодија на прв скрининг во 12та недела :D
     
    На Anaroz1 и LanaDelR им се допаѓа ова.
  3. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.062
    Допаѓања:
    1.455
    Пол:
    Женски
    Мене ми погоди исто пол на прв скрининг
     
    На LanaDelR му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Maria921

    Maria921 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2023
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    А некоја ако може да сподели икуство со д-р Дракулевски за втор скрининг?
     
  5. Cvetce_

    Cvetce_ Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Што ви кажуваат на прв скрининг, јас приска тест правев вчера и гинекологот повеќе беше насочен да ме натера на приватно да го направам као во Германија ги праќале анализите од крв отколку тука отколку да ми објасни за плодот што и како.
    Ми покажа само на ехо рачиња, ноџињата, срце, и толку, пет минути.
    Ни постелка ни протоци ни плодова вода ништо не спомна.
    Матичниот исто така ми е ужас, презафатен со пациенти не знај ни кој прегледува ни ништо.
    Јас му давам насоки шо како, 11 недела и еден ден сум а ниту ми спомнал ни за крвна слика ни брисеви, јас требаше да го потсетам вчера.
    Притисок мерење и тежина што е тоа, кога им кажувам на другарка ми која живее во Германија каков пристап имаат тука се крсти, само за пари зинати се.
    Бидејќи сум и со терапија клексан најверојатно ќе си го сменам матичниот ама проблемот е шо во Битола повеќето абер немаат а тие што знаат повеќе исполнета му е квотата за пациенти.
     
  6. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    410
    јас колку што знам за постелката, плодова вода се обрнува повеќе во трет скрининг ( нека ме поправи некој ако сум грешка) има тука повеќе за скрининзите https://acibademsistinababy.mk/alat...866-ultrazvuchen-skrining-vo-tek-na-bremenost , каде правеше или направи 1 скрининг ?
     
    На ray111 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cvetce_

    Cvetce_ Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Државна болница во Битола
     
  8. LanaDelR

    LanaDelR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    2.071
    Пол:
    Женски
    Мене на првиот скрининг во извештајот ми беа напишани податоци и за постелката и плодовата вода.
     
    На Cvetce_ и nice-girl им се допаѓа ова.
  9. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.291
    Допаѓања:
    8.668
    Приска и тестот кој ти го нудел не се исто. Приската е статистичка пресметка за веројатност од аномалија, а НИПТ(НеИнванзивенПренаталненТест) е само со анализа на крв кога има доволно фетална крв во твојот крвоток.
    Првиот скрининг е за генетски аномалии, сите не се гледаат на ехо за жал, поради што многу прават НИПТ. Постојат повеќе НИПТ и се прават во повеќе лаборатории.
     
  10. Cvetce_

    Cvetce_ Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    И крв ми зедоа во лабораторија, еве го резултатот.
    Ваљда пошто претходно неколку пати на ехо ме имаше гледано слушнавме и срце, се си беше супер и затоа можи ништо не ми кажа овој пат освен дека бебето има рачиња и ноџиња :)
    Па како беше наместено како за сликање :inlove:
    Утре ќе одам за брисеви и урина па ќе видиме
     

    Прикачени фајлови:

  11. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.291
    Допаѓања:
    8.668
    Приската (Prenatal Risk Calculator) е софтвер во кој се внесуваат мерки од ехо плус некои параметри од крвта, ама не се анализира феталната днк за аномалии, туку според статистиката дава веројатност, додека кај другите НИПТ се анализира само днкта на бебето за аномалии. Не е исто испитување, тоа пробувам да ти кажам.
     
    На Cvetce_ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cvetce_

    Cvetce_ Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Сфатив, знам дека е статистички тест приската.
    Настрана приската мене ме интересираше повеќе што кажуваат на првиот скрининг оти кога го прашав вчера матичниот ми рече " па тоа е прв скрининг де со приска заедно, кога те гледа на ехо"
    Ама од други што слушам му прегледуваат и јајници, цервикс, дали се развиени сите органи, мене ништо од тоа не ми кажа докторката на болница.
    Затоа реков да ве прашам тука, прва бременост ми е па не сум запознаена со ништо:)
     
  13. Merten

    Merten Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    959
    Пол:
    Женски
    Мене искрено и да ми кажуваат нешто детално, не разбирам. Најбитно ми е да е се во ред и како што треба и не се оптоварувам со работи кои ни ги разбирам, а не ми се ни потребни да ги знам.

    И мојот матичен малку со потсетување работи, или пак ние очекуваме сите исто да работат и кога ќе слушнеме друго искуство си споредуваме. Пример мојот не ме пушти за ХИВ да правам испитувања, а други доктори праќале.
     
  14. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.291
    Допаѓања:
    8.668
    ТОРЧ е задолжително испитување заедно со гестациски дијабет, како и брисеви, не е по избор на матичниот треба сите да следат ист протокол има зошто некои работи се испитуваат во конкретни недели за да може да се интервенира евентуално. Ама нема кој здраво да ги стегне со казни за не следење бременост правилно, затоа се така распрдени. Многу е долга и широка темава, за жал.
     
    На H.VAGA, ray111, Maria921 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Merten

    Merten Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    959
    Пол:
    Женски
    ТОРЧ правев, не знам дали и ХИВ спаѓа во тоа испитување или треба посебно, јас мислев дека посебно се прави на различно место..
     
  16. Iva.T

    Iva.T Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    1.194
    И јас немам правено торч.. сега читам дека се прави во прво тромесечие. Дали можам да го направам сега во второ?
     
  17. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    5.010
    Допаѓања:
    8.560
    Пол:
    Женски
    Брисеви носеше во институт за јавно здравје? И дали таму ти земаа крв?
     
  18. Iva.T

    Iva.T Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    1.194
    Брисеви во Пролече носев, крв не ми земаа
     
  19. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    5.010
    Допаѓања:
    8.560
    Пол:
    Женски
    Не си правела тогаш. Не знам зашто не те пратила матичната. Ти земаа крв тој период? Тоа е задолжително, на сите даваат.
     
  20. Iva.T

    Iva.T Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    1.194
    Не ;( Само обични крвни слики имам правено до сеа. После сум на преглед, ке ја прашам баш.
    Не смеат да забораваат вакви работи. Тотално незаинтересирани. Да не е форумов ништо не би знаела.