TORCH е скратеница од работите кои се испитуваат: ТОксоплазмоза, Рубела Цитомегаловирус, Херпес симплекс и Хив. @Iva.T побарај и упат и скарај ја, бесплатно ти е испитувањето на државно да знаеш.
Точно така, не можи ние како пациенти да му даваме насоки како да ни ја водат бременоста а тоа е нивна работа. Секој преглед ми го наплаќа по 300 денари а матичен ми е, на некои не им го наплаќа, нит фискална нит ништо, немаме закони сто пати се пријавени и пак истото. На брачеда моја и направија огромен пропуст без една комора на срце се роди бебето и со други аномалии на органите и до пороѓај не ја видел матичниот, тоа не да е за тужба тоа е за в затвор да скапи. И почина бебето по три дена откако се роди
Кај мене го имаше на истиот резултат ваљда го додала матичната на истиот упат ништо не ги чини да го додадат значи, пошо не ми наплатија.
Здраво девојки, со првата бременост можеби бев поактивна на форумов ама таа ми беше влези/излези од болнички кревет и доста послободно време но во неа и прегледите не ми беа толку по книга, па затоа имам прашање до вас за вторава бременост. Матичната ми закажа втор скрининг кога ќе бидам 22+5 во амбуланта за фетален скрининг, но според тоа што вие го имате пишувано мене ми изгледа дека е доста доцна за тој преглед или не?
Ви кажале пол толку рано, 11 +5 сум и прееска кога ми земаше брисеви ме прегледа и вагинално да види цервикс, му викам кога можиме пол да дознаеме ми вика одма можам со сигурност да ти кажам Уште кога ми кажа дека со сигурност можи да кажи, знаев дека е машко, најверојатно убаво си бил наместен синко Знам дека е рано за 100% ама ептен беше убеден докторот, ако не сум ми вика нема ни да ти кажам.
Јас сум 12+5 и на прв скрининг докторот го кажа полот а како што овде читав, ретко греши со проценката. Сепак ние сеуште не кажуваме, ќе чекаме уште малце.
Прерано е за да е сигурно. Преку крв е најверодостојно тогаш. Ако не правиш пренатален, почекај до кај втор скрининг, тогаш баш убаво ќе се види. На почеток, многу им личат заради папочната дека се машки, а се девојчиња. Слично изгледа во таа недела.
Шо знам од тоа што знам е дека на 11 недела најрано е шо можи да се открие пол, три пати го препрашав ми рече немаше да ти кажам ако не бев сигурен. Макар шо и да е сеедно ми е, да е здраво и живо само На роднина наша до крај мислеа машко и девојче испадна
утре сум на прв скрининг што обично прашуваат пред да почнат со ехото (последна менс., друго) оти малку сум под стрес