Втор скранинг денеска направен кај Док Ивановски Систина бебе е здраво се е супер како што треба.Карлично е наместено постелка е добра и протоци.Гледаше детално секој орган.Плодова вода е ок ми зема брис за исцедокот водест да бидеме сигурни дека се е ок.Е сега грлото е скратено пак измери 20мм ама па серклажот држи одлично.Рече мора да се лежи забрането движење по дома само до тоалет.Контрола почесто за 2 недели.И за зреење на белите дробови ќе примаме инекции 27 недела за да бидеме безбедни.
Супер Веци добро се држиш битно бебе е супер, одмарај јас денеска треба да видам утре или задутре ќе мериме, се надевам не се намалило пак, мирував доста.
Како си задоволна, дали темелно гледа, дали ти погоди пол на прв скрининг...? Јас сакам кај неа да ја водам бременоста, но денес дознав дека и таа прави скрининзи (ми беше планирано за тоа да одам кај др. Димчев), па навистина сум во голема дилема што да одлучам.
ова ми е втора бременост што ја водам кај Корнелија. задоволна сум од неа, сметам дека е ептен стручна и достапна и фина. и минатата бременост ги правев кај неа скрининзите, објаснува детално што гледа и оваа бременост во петокот баш праев прв скрининг кај нејзе. за пол минатата бременост ние прашавме ни рече дека мисли дека е женско, нареден преглед ми потврди женско, сега не прашавме пошо некако не сакаме да знаеме, а она сама не спомна
Ти благодарам за мислењето, ме охрабри. Јас минатата бременост бев кај неа само за породување , па затоа не бев сигурна како да постапам. Ти благодарам уште еднаш
Ај и тука да прашам. многу во мисла сум. минатата недела правев скрининг и приска, во 11+1 .. и резултатите се овие Додека ме прегледуваше докторката, коментираше за некоја коска зад вратчето и два пати ја измери. Еднаш 1,5мм еднаш 1,8мм. Знам дека не треба да е голема, но не сум сигурна. и од тогаш не сум мирна ама ич. Нон стоп мислам дека нешто не е ок. Некоја со слични резултати? Докторката ми рече дека ок е, тестот е до 95% точен, и толку. Јас ум немам веќе.
Овде ти дава low risk , и чим вика докторката дека е океј океј е...ако сакаш да си мирна види на второ мислење. Ма да оваа приската треба да се забрани веќе со закон, мене ми даде висок ризик за Даун, правев пренантален мислев дека не сум жива додека чекав резултати....на крај излезе се океј, и ехото беше океј пред тоа иначе, ама за секој случај за да сум мирна морав пренантален по препорака од 3 доктори
Мацуфче, направи пренатален ќе бидеш помирна за све понатака. Може и на рати даваат без камата со договор. Имаш време да го направиш. Приската е низок ризик. Не е показател за многу работи статистички се изработува.
каков пренатален сето само за пари, ако има индикација за тоа океј нека направи ама штом докторка и вика океј се резултатите значи океј се.
Не е така Цветче неможе да кажеш дека е за пари само, многу синдроми и болести неможе ни приска ни на прв скрининг да се види, и родители дознаават на втор скрининг или на пораѓај. Добро е што има и кај нас тука таков неинвазивен тест да се провери. Сега секој нели со свое мислење и на своја одговорност си превзема чекори за својот живот.
На многу жени и кажале дека нема да родат здрави бебиња па родиле здрави. За даунов синдром ако збораме ако веќе тестот покажал дека е низок ризик мислам дека нема потреба од дополнителни тестови и стресови, за други синдроми океј. Башка муабет е што тие тестови треба да се на државно, за пренатални зборам
Тоа што се скапи не значи дека е за пари. Да треба да се без пари, зашто покажуваат многу работи. Тоа што не се е друга работа. Кој има можност, без разлика на приска да си направи. Те молам не викај дека е за пари, кога приската е глупост.
Леле немој така, даунов е најмалиот проблем од сите што генерално декој добар специјалист ќе го види уште во 12та недела … ама има други мн поозбилни дијагнози што ни се вклучени во пренаталните и не се гледаат баш така лесно. Медицината е современа и треба да земеме се што е можно за мир на душа. Парите досѓаат и си одат… за што да ги дадам ако не за моето најмило создадено од најголема љубов со човекот што го сакам повеќе од се на светов?!
Панорама и Нифти знам дека може директно со соработниците, правиш договор со податоци ти даваат трансакциска сметка и секој месец уплаќаш рата. До 4рати мислам даваат. Јас еве Панорама последната месецов ја платив.❤️