До која недела се прави втор скрининг и дали ако не фатам термин и одам со приоритен упут кај иво ќаев ќе ме прими? Некој бил до сега така?
Да, најубаво 22, јас 20+ закажав дека празници ме фатија, ама морав пак да одам 22+ бидејќи не можеше убаво сѐ да измери.
Денес на втор скрининг бебе е во ред се,одговара за мерките,постелка на заден sид , доволно плодова вода и посебно што ме израдува е што цервиксот е 4.2 цм а уште во 15 недела почна да ми се крати да ми стигне до 3.2цм во 18 недела.Со одмарање и терапија еве има подобрување денес сум 20+6 , бебе одговара за 21+3 а тежи 392 грама.
Многу се радувам вака кога ќе прочитам , со лесно Лана да си ја тераш бременоста до крај . Те молам кажи ми каква терапија примаше за грлото и дали беше на строго одмарање ?
Мила дај боже кај сите да биде добро до крај да истераме,бев во мирување баш само лежење и станување до вц од 15 недела зошто имав крварење тогаш и лежев така 3 недели,потоа пак ми беше исто и ми рекоа пак да одмарам повеќе но не само лежење,крварење веќе немав,од терапија ми беше дадена утрогестан 2 по 1 ,магнезиум 2 по 1, ферона таблети( иако токорелакс ми кажаа да ги земам не ги најдов па како замена зедов ферона која е ист состав) и така си лежев одмарав и да сакав да одам малку ме болеше срамната коска па неможев ми да се движам многу. И тебе исто ли ти кажаа дека е скратен?
Кај мене од 12та недела измерен 3.1 ама не ми кажаа строго мирување, само да се пазам, да не кревам тешко...терапија горе долу иста, циклогест ставам навечер, на сабајле пијам утрогестан. Магнезиум 2 пати од 400 и Ферона сабајле и вечер. На контрола сум во понеделник 15та недела па се надевам све ќе е ок. Мене втора бременост ми е , првата ја лежев од 20та до 36та недела и сега сум до страв. Гледам да не го мислам и да функционирам нормално ама пак ме јаде црвот. Со мало дете одмарање тешка работа .. А причина зашто ти се крати ти кажаа ли ? Мене не ми спомнаа ништо а бев и на државна и во Ремедика. Демек не е алармантно и рано било за дијагноза,кога ќе почне да тежи бебето тогаш ќе сме виделе како ќе се одвиваат работите.
Немој да се грижиш мила ќе биде се во ред, и јас сум со второ сега исто само што моето е 9 години па немора да бидам цело време околу него самостално е веќе. Јас лежев зошто имав крварење тогаш а потоа не ми кажаа да лежам цело време,ми рекоа одмарање повеќе без дигање тешко ама јас дек и друга мака со коската си имам па неможев мн да се движам. Брисевите ми беа чисто исто уринокултура мокраќа се ок,плодова вода чиста..не се знае зошто е така едноставно некои може пониско ги носиме ама еве денес доктор Димчев ми рече бебушите се дигаат нагоре со неделите како растат,така да може и кај мене се качило нагоре незнам, Сепак колку може да си внимаваме и одмараме кога можеме.Терапијата е таа да покриена си и ќе видиш дека ќе биде добро и кај тебе на наредната контрола
Дали ако побараш упат за приска мора да ти даде матичниот гинеколог или само ако правиш скрининг кај нејзе тогаш дава упат? Закажав скрининг во систина ама сакам и приска да направам ама не кај нејзе.
Приска не прави матичниот гинеколог туку на државна гинекологија (има и на приватно) матичниот може само мерки да ти земе да не чекаш таму да преглед и за крв.Ако ти земе мерки ти дава упат само за крв.
Девојки здраво јас закажам прв скрининг во Систина меѓутоа со оглед дека матичната доста инсистираше скринингот кај неа да го правам не знам дали може да го правам скринингот на двете места да не е штетно за плодот два пати скрининг во една недела.
Не е штетно, ама ако ти бара пари, не прави кај неа. Не се стручни сите за скрининг. Оди си во Систина. Мојата бараше 3500 за 2 скрининг, првиот не го ни спомна. Очи не ми виде. Секако ја сменив.
А чекајте и матичните бараат пари за скрининг ??? Јас треба утре да правам 20+4 сум матичниот ми рече после 20 недела кога сакаш, не прашав за пари, сега ме задумавте. Инаку во неговата ординација баш пишува дека прават скрининзи, дека се обучени за тоа и имаат современа апаратура.