Искрено се мислев дали да пишам ама гледам се дискутира за скининзите па некако се чувствувам дека треба да пишам. Според мене, не се ослонувајте на скрининг кај матичен, иако има добри матични, сепак скрининг треба кај специјалист, небитно приватно или државно. Искрено, не дај Боже секој може да згреши ама сепак според мене матичен не е за скрининг. Јас во претходната бременост имав искуство да Димчев и Ливринова ја видат аномалијата, а доктор за срце, специјалист од Ремедика и матичен да не видат, иако на сите тројца им беше укажано што е видено. Затоа велам небитно државно, приватно, изберете добар специјалист ама според мене не се оставајте на скрининг кај матичен кој верувам нема толку искуство како специјалисти од клиниките за скрининг.
Епа ако доктор специјалист за срце не ја види аномалијата кај срцето јас стварно не знам на кого да му се препуштиме. Јас кај доктор Драшко сакам деновиве да закажам, дали некоја била во скоро време кај него на преглед ?
Кај мене за жал така испадна… јас верувам дека сум може јас една од тој 1% каде тој згрешил… затоа велам секој може да згреши ама процентот кај специјслист е каде каде помал од кај матичните, сепак тие се едуцирани за скрининзи.
Првиот скрининг го правев на ГАК , сакам у вториот таму да го правам , ако успеам да фатам термин кај Ќаев . Денес сум 16+1 нареден вторник сум кај матичната па тогаш ќе видам што ќе направам. 21 недела е најубаво да се прави така ?
Девојки која недела се прави третиот скрининг? Гледам др. Котларова ми пишала преглед за фетален раст 30-32 недела во последниот преглед. Вајда е тоа? И дали мора да се посети кардиоспецијалист? Вториот скрининг го правев и кај Димчев( траеше 15 мин и др кажа се е супер) и кај Котларова( траеше 40мин и се е ок. Детално го гледаше срцето и сите де органи)
Закажав прв скрининг на ГАК и кај Димчев во Систина. Ама во упатот матичната не пишала за приска. Дали ако и побарам ќе ми даде? Дека ептен ме маткаше и не сакаше да ми даде упат за на ГАК, сакаше она да ми прави.
Исто и јас си размислувам во 28ма сега имам закажано класична контрола и вероватно после во 31/32 би закажала трет скрининг дајте предлог за доктор, вториот го правев кај Гордана Петровска и супер си беше докторката ама сакам и други очи да погледнат сега
И јас сега сум во 28 на преглед и планирам и трет скрининг да ми направи др. Котларова. Си закажав веќе 31ва и некој ден. Ептен е детална и некако имам доверба во тоа што го кажува.
Бејби кога се јави да закажаш потенцира ли која недела си и дека е за скрининг или не? И јас закажав преглед кај Котларова во 31 недела ама на тел не ме прашаа која недела сум и дали е скрининг или преглед а јас нр потенцирав дека за сум за скрининг и сега ми е шубе
Каков е тој трет скрининг? Нели е обичниот преглед што се прави еднаш месечно, со мерки, со све? Ако е за тоа секој месец правиме скрининг кога одиме на ехо. Значи 7, 8 скрининга?
3 скрининг е обично ехо, и кај Димчев и во Плодност цената за 3 скрининг е како за обично ехо. И самиот Димчев ми рече дека има прв и втор скрининг, трет нема.
Тој е, ама сега по модерно е трет скрининг, а по старо си е преглед. Оти се гледа се исто како и на класичен преглед. Убаво напишала @happygirl.
И јас не потенцирав дека ми е за скрининг. Јас онака си закажав 31 и некој ден како регуларен преглед. Ама др не прави проблем за тоа. Ќе и кажеш само дека сакаш трет скрининг.
Мислам дека во трет скрининг посебно гледаат протоци, постелка и сл. Дека од тоа може да се види од прилика кога би било породувањето дали има потреба ид предвремена реакција и сл Не е за занемарување
Лакуни на постелка? Се има некој соочено со ова, на втор скрининг ми кажаа дека имам две, иначе се боцкам со клексани од прв ден? Искуство некој има?
Протоци, постелка, плодова вода, мерки на бебето, пулс, се тоа се гледа на секое ехо еднаш месечно што одиме.
Мене на секој преглед докторот детално ми мери све и ми објаснува за секој орган поединечно. Постелка, протоци плодова вода исто така. Сега по модерно време скрининг, сето за пари