Здраво, Да прашам, кога се прави прв скрининг? Дали треба да се прави на државно, или можам јас да си бирам каде ќе го направам? Колку чини тоа на приватно, и дали кога закажуваш термин конкретно наведуваш скрининг или само преглед? Кој доктор го препорачувате по приватните клиники за прв скрининг, и во зависност од тоа во која недела се прави, како закажувате недела, месец унапред? Фала ви.
Здраво, Бидејќи ми е прва бременост, без искуства.. Да прашам, кога се прави прв скрининг? Дали треба да се прави на државно, или можам јас да си бирам каде ќе го направам? Колку чини тоа на приватно, и дали кога закажуваш термин конкретно наведуваш скрининг или само преглед? Кој доктор го препорачувате по приватните клиники за прв скрининг, и во зависност од тоа во која недела се прави, како закажувате недела, месец унапред? Фала ви.
За приватно ти го препорачувам Димчев , супер доктор . Тој е во систина и мислам дека беше околу 7000. Во зависност која недела си сега ако сакаш кај него подобро јави се на време за во 12та да може да го направиш. За државно , ти дава матичната упат и идеш со упатот и е бесплатно. Можеш да си избереш каде ќе го правиш.
7750ден. Сабајле правев ама втор, не знам дали е иста цената бидејќи прв правев на клиника. Јас се јавив еден месец однапред. Јави се ќе ти кажат за слободен термин.
Котларова и Афродита. Можеби Афродита не е толку прочуена како Котларова, ама јас имам преубаво искуство со неа. Многу е детална, прецизна и е многу фина. Многу често сите “извикани” доктори имаат премногу пациенти и се по недостапни од останатите.
Здраво мајки, за втор скрининг се мислам, кај нас и матичната прави 4000ден.е има добра апаратура и веќе ми закажа за во 22 недела,се мислам и за кај Димчев иако првиот го правев кај него и ок е се. Правев и НИПТ УРЕДЕН . Инаку сум патолошка и ако не идам кај неа може да се навреди многу непријатна ситуација
Јас би одела или на клиника или кај Димчев. 4000 денари не би дала на матичен доктор за тој скрининг. Мене мојата ме праша кај имам закажано и јас само и кажав каде и кај кого. Си има стручни доктори за тоа а и они треба да се свесни каде да те пратат.. матичниве скроз забегаа
Вториот скрининг е скрининг по системи/органи и детектира и најмали аномалии и малформации кои може да се јават независно од хромозомските (од надворешни влијанија, инфекции, други генетски аномалии кои не ги испитува нипт и сл). Овој скрининг е многу поважен и е побитно да се прави кај стручен доктор отколку првиот (независни се), апаратурата не е толку битна колку искуството на докторот и стручноста.
Јас 4000 денари,за кај матичен не би дала.Колку сака нека има скапа апаратура, најбитно ми е да знае да гледа и да разбира.За кај Димчев имам преубаво искусто.Вториот скрининг го правев кај него.Можеби не е зборлест,но многу знаење има.
Да си закажеш на специјалист и најдобра апаратура да има матичен доктор е матичен. Специјалист поготово што е насочен кон скринизи и гледа по 100бебиња неделно е друго и да има нешто ќе примети и ќе реагира па ќе барате чаре. Одма знаат што треба да мониторираат бидејќи гледаат многу многу бебиња во детали
Ти си бираш каде ќе одеш. Нека се навреде, голема работа. И мојата претходна 3500 бараше, ќе правела скрининг за органи, ниту дали сакам, ниту да предложи клиника или приватно Каква сака опрема нека има, за тоа се оде кај стручен доктор како што ти кажале и другите членки. Ептен забегаа. За пусти пари, а знаење...
Зборлест е ако му правиш муабет. Цело време си разговаравме на вториот скрининг. Инаку, ни јас не би одела на матичен за скрининг. @*sisi* зошто би ти се лутела? Дали има поминато обуки за скрининг? Некој сертификат, претходно искуство? Сама одлучи си, но сите ти дадоа исти мислења.
Те разбирам, но ако таа мисли дека тебе не те навредува со тоа што ти е матична а зема 4000 денари, тогаш не треба и ти да се замараш. Јас правев кај Гордана Петровска и сум многу задоволна. Немој само под притисок да одиш кај неа, а да излезе дека не е доволно стручна.
Вториот скрининг е најважното нешто во цела бременост. Бирај го докторот мудро и не штеди пари. Батали матични гинеколози, туку барај доктор на кој гледањето скрининзи му е специјалност и секојдневие. Ако треба и двапати направи го од 20-22 недела од бременоста.