За втор скрининг не се зема крв, само детален ехо преглед. И по протокол треба да те пратат кај специјалист. Пари џабе ти земале, за прв скрининг не ни има толку мерки на ехо, а на државно се е бесплатно како што ти кажале.
Тоа е проблемот, не дава нејзино име воопшто, имам упат за кај друг доктор. До сега барав по стари мислења од како пишав, она е во амбуланта број 1, секој понеделник. Ама нема веќе термини за таму до мојот рок за закажување. Се мислам дали ако отидам така, би ме видела или тешко?
Не верувам дека може скрининг без упат . Може само да ти каже иди кај тој доктор што ти е упатот. Не знам пак ама не верувам , пробај.
Јас имав упат за кај Шпишиќ за втор скрининг во амбуланта за фетален скриниг 1 ( на упатот немаше име ама ми рекоа кај матичниот дека за кај нејзе е и таа беше во просторијата). Имаше еден куп жени, сите си влегуваа по ред како дошле, не се почитуваа термини, некои имаше така само од цтг чекаа да им види резултат. Ние со термини чекавме 1 саат +, она лабава сите ги задржува до немајкаде. На крај не можеше да стигне да заврши со сите што чекавме и јас со мој термин закажана отидов во другата просторија и ме гледаше Беса Демири после саат и нешто. Поентата ми е дека немаше никаков ред и не се почитуваа термини, па можеби и ќе завршиш работа ако имаш среќа.
Здраво девојки, Имам упат за прв скрининг на ГАК, но не ми пишува ниту доктор, само терминот и толку. Како да знам кој доктор ќе биде, дали е добар дали не? Треба ли нешто сама врски да барам, или што? Рандом кој е на смена ќе ме гледа или како? Благодарам
Благодарам, Дали знаеш каде може да се најде овој распоред? Онлајн го има или мора таму? Бидејќи не сме од Скопје.
Ти благодарам за информациите. Твоите барем знаеле каде е и во која амбуланта, јас ако чекав на нив ништо немаше да направам. Се сама дознав. А од другата докторка како беше задоволна?
Чепкам ама не можам да го најдам, исто отварав и на сајтот на ГАК на слендиов линк, ама празно е не излегува никаков распоред таму каде што треба да го има. https://ukgak.edu.mk/raspored-po-ambulanti-i-dezurstva/ Јас имам термин според упат 24.06 11:45 во акушерска амбуланта 1, соба 37 Тоа е се што има на упатот.
Вртев сега на некој телефон, ми кажаа дека да Ќаев е од сабајле, а после 11 часот спомнаа др. Симеонова, дали имате инфо за нејзе, ОК е или? Приска + Скрининг 1 Благодарам.