Скрининг

Дискусија во 'Бременост' започната од Nina. 1992, 11 јануари 2017.

  1. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    575
    Може и најдобар исход би било да испадне грешен пренаталниот тест, но додека не се направи амниоцентеза никој не може да ти гарантира.

    Особено нема гаранција со првиот скрининг, бидејќи некои аномалии за жал се гледаат подоцна, бебето е уште премало за да се види се'.
     
    На Just Women му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MysticAura

    MysticAura Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2024
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали некој има искуство со др Игор Самарџиски за втор скрининг?
     
  3. Sunrise!!!

    Sunrise!!! Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2023
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали е доцна за втор скрининг крај на 22 недела почеток на 23 недела
     
  4. Elliana

    Elliana Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2024
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    1.260
    Пол:
    Женски
    Не е, до 23 можеш да направиш.
     
  5. ЕленаЛК

    ЕленаЛК Нов член

    Се зачлени на:
    11 јули 2025
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Девојки, ми закажаа втор скрининг кај др. Адела на ГАК, па сакав да прашам дали некоја има искуство со неа? Исто, ако можете да споделите како тече целиот преглед, колку трае и дали треба да се подготвам на нешто посебно.
    Благодарам ❤️
     
  6. Anajlin

    Anajlin Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Јас кај него водам бременост. Биди спремна дека не збори многу, ама детално гледа се и ако нешто треба да ти каже ќе ти каже. Генерално фин и стручен доктор, мене ептен ми се погоди што е смирен и сталожен, некако таа енергија ми ја пренесува секој пат кај него кога одам.
     
  7. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    910
    За Гинекаликс имам читано мн лоши мислења овде од членките.
    Дури и двајца гинеколози независни една од друга, матичната плус од приватна болница друга док., ми рекоа, прави пренатален кај сакаш, само не таму.

    Не можам да замислам како се чувствувате, само се надевам дека ќе ви испадне грешен пренаталниот.
     
    На Lovebug01, maremarence и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  8. maremarence

    maremarence Активен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2024
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски

    I jas od muabeti naslusav losi iskustva od ginekaliks.....
    Treba i jas da pravam za 10tina dena... kade pravese ti?
     
    На EarthFire му/ѝ се допаѓа ова.
  9. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    910
    Во Биотек. Докторката што чита резултати е експерт со искуство од МАНУ.
     
    На maremarence му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    19.124
    А што мислите за тестовите од Жан Митрев Верифи и и Био сејф Qualified ? Не се разбирам ич
     
  11. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.526
    Допаѓања:
    8.961
    Пол:
    Женски
    Според мое лично истражување, изминативе денови не знам колку студии испрочитав за овие пренаталниве тестови, Гинекаликс кај нас имаат најширок панел на испитувања. АМА, сите ама баш сите тестови се најголема точност само за трисомии 21,13 и 18 со тоа што за трисомија 21 се со најголема, останатите две со нешто помала процентуално. Половите анеуплоидии и микроделециските синдроми се со мн помала точност, околу 50-60%. Ова ако испадне позитивен резултатот со висок ризик, а ако испадне негативен кај сите синдроми точноста е скоро 99%. Значи во секој случај ако не дај Боже испадне резултатот со висок ризик обавезно се оди на хорион биопсија или амниоцинтеза. Тоа го пишува и на самиот резултат.
    Сите овие тестови анализираат днк од плацента која циркулира во мајчината крв, а не од самиот фетус. Во некои случаи може да се случи мозаицизам во плацентата, т.е. само плацентата да има мутација а фетусот да е скроз здрав и во тој случај секој пренатален би го детектирал резултатот како висок ризик. Затоа и амниоцинтезата е поточна од хорион биопсијата бидејќи и хорион биопсијата е одраз на состојбата на плацентата, а амнионската течност содржи само фетални клетки кои се анализираат.
    Пренаталните тестови работаат на принцип на сигнали кои ги детектираат биоинформатички од изолираната днк фракција. Но за жал, со пренаталните не можат да се исклучат сите генетски состојби бидејќи ги има премногу а огромен број се доста ретки, така што може да се случи пренаталниот да е сосема во ред, а на прв или втор скрининг да се примети аномалија. Кај мене тоа се случи во првата бременост, тогаш Панорама правев која излезе супер резултат, а плодот беше со аномалија која не беше генетски предизвикана, барем не од она што го покрива тестот.

    Не го пишувам ова за да ве заплашам или одвратам од правење пренатални, и сама јас за секоја бременост ги имам правено и би ги правела ако имам уште деца во иднина, туку да ги имате овие работи во предвид, дека она што го пласираат дека се “тестови со 99% точност” уствари ако прочитате подетално ќе видите дека таа точност е само за трите трисомии што ги спомнав погоре.

    Мислам дека само Панорама работат на Илумина технологија која ги има патентирано Нипт тестовите и е единствена што разликува фетоплацентарна од мајчина днк. Така што јас нив би ги одбрала, а и немам прочитано некое лошо искуство со Панорама, освен некогаш да се случи да нема фетална фракција од првото боцкање или да доцнат резултати неколку дена ама тоа сепак мислам дека секаде се случува. Затоа и посигурно да се прават 11+ недела зошто често се случува да нема доволно фракција во 9-10 недела.
    Qualified се мислам нови, кога правев за првата и втората бременост не постоеја, т.е. мислам дека тогаш беше Хармони ама дали е истата фирма што ги работи не знам. За Verifi не знам.
     
    Последна измена: 13 август 2025
    На Ladyme и maremarence им се допаѓа ова.
  12. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    19.124
    Скроз те разбрав фала за детален одговор. Искрено, не би правела воопшто мислам дека ту мач го исфорсираа ова, но ете не ми дава совест да не направам. Жан митрев ги праќалр во калифорнија директно во тоа Илумина, а био сејф премногу детали раскажуваат ме изгубија во контекст.... ништо нити ми значи што ми раскажаа ни едни ни други.:hug:
     
  13. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.526
    Допаѓања:
    8.961
    Пол:
    Женски
    Претставниците гледаат да продадат. Докторите зимаат процент, тоа јасно ни е ко ден. Мене ме ‘купија’ Гинекаликс и претходниот пат и сега дека најмногу работи испитуваат. Јас не идев преку доктор, сама им се јавив. Матичниот уз муабет ми предложи некоја друга фирма не ми текнува како ми рече ама му реков во Гинекаликс ќе правам, ми рече ок. Ама ете сепак во случај на висок ризик секаде мораш амнио да направиш особено ако немаш на ехо никакви знаци, не можеш да донесеш одлука врз база на тестот, како во мојов случај што е. Сепак се скрининг тестови, не се дијагностички. Не знам што покрива Верифи, знам за Панорама дека исто повеќе работи испитуваат, види и таму.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    19.124
    Тенкс ќе видам баш што ќе направам вака лаички што споредував горе доле сите истото го испитуваат верифи, био сејф панорама... со ситни разлики во цена и време на чекање.
     
    На Lovebug01 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.526
    Допаѓања:
    8.961
    Пол:
    Женски
    Епа тогаш направи го тој што ти одговара по цена и време на чекање, горе доле анализите се тие. Со лесно (fingers)
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MysticAura

    MysticAura Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2024
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    се се заснова на процентот на точноста на тестовите и процент на лажно позитивни резултати. ние кога испитувавме гледавме да има голема точност и ни кажаа табела за секој синдром и микроделеции колку точност покажуваат. правевме верифи и го избравме пакетот што ги испитува сите синдроми односно сите можни неправилен број на хромозоми и плус микроделеции - тоа се мали оштетувања или грешки во хромозомите па иако бројот на хромозомите е нормален сепак може да има проблем што понатаму ќе влијае на развојот и квалитетот на животот и тоа не може да го видат на скрининзите на ехо. ние сме презадоволни од жан митрев, праќаат во калифорнија во лиценцирана лабораторија, резултатите стигнаа за пет дена. за панорама читавме многу негативно искуство дека имаат од претставничката сашка дека била мн дрска па уште од старт ја отфрливме како опција затоа што во тие моменти кога чекаш резултати и си стресиран не ти треба уште негативно некој да ти додава. имаме и табела со процентите за точност, ако ти е потребна ќе ти ја пратам.
     
    На BubamaraM, Milkiway и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  17. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    19.124
    Ако не ти е проблем те молам прати ми ја во порака, кога го правеше тестот?
     
  18. MysticAura

    MysticAura Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2024
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    ти пратив во порака
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.526
    Допаѓања:
    8.961
    Пол:
    Женски
    Ако не ти е проблем и мене, ме интересира баш
     
    На MysticAura му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    575
    Можеш и овде да ја прикачиш листата ако сакаш.