даа не е проблем, едната слика е како изгледаат резултатите, другата е точност во проценти за сите анализи
Прави некој скрининг напоредно кај матичен и плус кај друг доктор Сакав во ремедика кај Симонида да ги терам скрининзите ама матичната исто си прави а не сакам да ја откачам Па дали и другите што водите кај матичен правите на два пати или само јас изведувам глупости
Матичната ти наплаќа скрининг? Ако не ти наплаќа јас би идела, ако наплаќа секако би си одела Ремедика. Не е малку Ремедика, 6100 платив за скрининг па и кај матичен плус да плаќам
Уф треба да прашам, не се сеќавам како беше. И да сум плаќала тоа сигурно не било повеќе од 800-1000 денари. Ехо обично им е 350ден. Ќе видам баш ќе прашам
Матична не е за скрининг, мојот има толку мн знаење и стучност па не ни помислив на него за таа работа, има Специјалисти кои скинингот и детекцијата фетална им е стручност па си оставив на нив, на Клиника (Данева, Симеонова, Самарџиски, Ќаев, Кочовски) во ремедика Афродита,Симоноида, Систина Димчев...Др не ги знам многу ама има избор.. Нема што да ти биде незгодно, побарај си упат на клиника и можеш приватно негде.
Мене не ми ни паднало на памет да појдам на скрининг на друго место зашто цело време сум мислела дека матичниот гинеколог е тој што го прави скринингот и дека е доволно стручен за тоа. За цена знам дека матичната (Павлина Коруноска) ми зема нешто како 2000-2500 денари за истиот, и прегледот беше многу детален, можеби ме задржа саат време, ама не ми спомнала дека треба да појдам на друго место, ама со сигурност знам дека ако требало да појдам на друго место ќе ми кажела. Сега од вас читам дека имало доктори специјализирани за скрининзи. Има уште некој што оди кај матичен за скрининг?
Првиот скрининг, матичната не ми ни спомна да ме прати на клиника, а треба. Таа го гледаше бебето, меѓутоа не ми наплаќа, јас сепак си закажав на приватно кај др. Димчев. За втор скрининг, самата ми закажа на клиника во државна, плус на приватно бев кај др. Димчев затоа што е многу важен преглед. Јас сметам дека скринингот покрај преглед кај матичниот, сепак треба да биде направен и кај доктор специјализиран за тоа.
мене првиот скрининг матичната ми кажа дека таа има поминато обука и дека го прави па ми беше непријатно да ја одбијам и платив 650 ден но отидов и кај димчев. сега за вториот скрининг ми кажа да ми закаже на гак, не спомна воопшто за таа да го прави. јас закажав кај димчев а искрено сум на мислење ако најдам термин да закажам и на клиника за да имам две мислења
Кога се прави вториот скрининг? Мене сеуште ми е рано бидејќи неодамна го правев првиот. Претпоставувам дека ако треба, ќе ми закаже на клиника, ама јас за секој случај ќе ја прашам кога ќе дојде време доколку не ми спомне нешто такво или ќе си закажам на приватно сама. И уште едно оф топик прашање, за редовен ултразвучен преглед каде го гледа бебето дали ви наплаќа матичниот и ако да, колку? П.С сега гледам на официјалната страна на Поликлиниката Коруноски ова го пишува:
Дали некој има искуство со Корнелија во Систина за прв и втор скрининг? Кај неа одам на прегледи (на патолошка сум) и сакам да ме породи, но премногу пофалби имам слушано за Димчев во однос на скрининзи. Па се преиспитувам дали е соодветно да ја одминам Корнелија и да одам на скрининг кај Димчев, или да терам скрининг кај неа ...