Јас кога закажав некаде пред една недела прашав за цена и ми рекоа дека е 7900. И еве сега читам тука дека кога ке отидам ке ми наплатат 8700. Стварно е безобразно, излегува дека џабе се информираме за цени кога закажуваме, кога ке отидеш они може да си наплатат различна цена.
Закажав втор скрининг во 21ва недела кај Димчев во Систина,ок е неделата или да презакажувам,порано,покасно ?
I toa za pregled od 5 minuti. Kaj Dimcev tolku se zadrzuvav. Ama i nie narodot sme vinovni, ne im odi, pa da vidime kako kje namalat ceni. Bezobrazni.
Денес бев на контрола, бебе одговара на неделите, напредува добро 18+4. Докторот закажа втор скрининг за три недели од сега кај докторка Симеонова тогаш имаше слободен термин ,тогаш би била 22+5 дена. Некој искуство со докторката, дали објаснува убаво ?
ќе ве замолам за повеќе инфо? Скрининзите можеш да ги водиш сите кај матичниот или ? треба приватно ? што е подобро според вас? конкретно систина дали сите доктори прават од прв до последен скриниг ?што опфаќа. Би ви била благодарна
Прв и втор скрининг се најважни прегледи и треба да ги прави доктор што е стручен за скрининзи, а не матичен, иако некои матични инсистираат тие да ги прават. Избарај низ темава кои се добри доктори. Имаш на Гак ти е на државно, Систина, Ремедика на приватно.
Не значи дека ако е матичен по default не смее или не треба да прави скрининзи. Дали смее да прави скрининзи или не еден гинеколог зависи од тоа дали е обучен за тоа, т.е дали има сертификат и помината обука за истото. Апсолутно нерелевантно е дали е матичен гинеколог некаде или работи на некоја од клиниките.
Точно, секој може да прави ама не е исто да ти прави скрининг доктор што прави 3 скрининзи во месецот и доктор што прави 100 скрининзи месечно и што гледа секакви случаи. Не е само обука и сертификат да има, искуството е многу поважно. Колку пропусти има од скринизи кај матични само на форумов, може да прочитате низ темиве. Јас лично не би одела кај матичен барем за тие 2 прегледи. Плус многу е безобразно што кај матичен не треба да плаќаш преглед, а си вадат цени од ракав како што ќе им текне. Па подобро на приватно ќе одам.
Ама како и да е матичниот цело време следи и прави детални прегледи..потполно се согласувам дека скрининзите треба да се прават кај други многу поискусни и со многу подобра апаратура доктори. Јас 3 скрининзи правев. Еден приватно, еден на Гак и еден во Чаир кај одлични доктори и бев презадоволна и од Адамова, и од Самарџиски и од Изаири иако кај матичната бев нон стоп и за упати и за ехо и за сешто..
Не оспорувам дека матичен не е стручен за водење бременост, ама сепак скрининзите се прегледи за фетални аномалии каде се гледаат детално структури и органи. Се случува и најискусен доктор пропуст да направи, не па матичен гинеколог. Колку и да се детални прегледите, некогаш заради не толку добра апаратура може да се пропушти нешто важно.
Пример сакам да одам во Систина, дали еден доктор еве на пр. Димчев прочитав доста пофални зборови, може да прави 1,2 и 3 скриниг? или се поделени некако ? Па здравје после може и за пораѓај
Точно, има пропусти од матични, но исто така има пропусти и од гинеколози кои како што велите се поструни од матичните и работат на ГАК/Чаир/Систина итн. Јас не мислам дека тие што работат на ГАК задолжително се постручни од матичните гинеколози, бидејќи дел се специјализанти допрва се учат, а дел (ако не и повеќето) прегледите ги завршуваат за 5 мин со се облекување и соблекување итн. Матичен гинеколог може да имал работено години пред тоа на ГАК или во некоја друга болница и да имал направено стотици па и илјадници скрининзи пред да почне да работи приватно. А и за апаратурата, не значи дека ако работи приватно нема соодветна апаратура за да го направи скринингот. Поентата ми е дека не можеш да генерализираш и во ист кош да ги ставаш сите зашто ако листаме мислења наназад и ставаме цртички за секој направен пропуст нема да има многу разлика од едните и од другите.