Мислам дека се прави околу 32ра недела регуларно, иско мене ми го закажаа за во 35та од што немаше термини таму кајшто одам.
Добро вечер нова сум во групава, дали има некој правено пренатален скрининг оној кој е платен од државата и колку се релевантни резултатите. Прва бременост ми е и ми е страв бебушот да не го изгубам. Слушнав дека е 0.5% ризик да дојде до спонтан абортус со тој скрининг.
Мислиш на приска? Тоа е статистичка пресметка на можноста да родиш бебе со некоја трисомоја врз основа на мерки од ехо и вредности од твојата крв. Зошто да го изгубиш бебето, само ехо ти прават и крв земаат. Резултатите не се дијагностички, туку статистичка пресметка. Ама на ехо искусен доктор гледа дали е се ок. 100% гаранција нема, освен со амноцинтеза, ама таа не се прави вообичаено без реална потреба.
кога да се јавам ремедика за втор скрининг? денеска сум 11 недела полна. негде на форумов прочитав дека јануари цел бил закажан кај Др симонида . јас негде од кај 21 до кај 7 март тука негде тие денови треба да правам скрининг
Мислам дека секој 15ти во месецот пуштаат термини. Јави се во ремедика, ќе ти кажат кога да се јавиш за да закажеш
Се јавив после 15 јануари пуштале за февруари. ама заборавив цена да прашам колку е, Колку е скрининг сега во ремедика некој скоро шти бил да ми каже? лани платив мислам 6600 или 7000 така нешто.
Ама не се пуштени термините за јануари. Јас сега планирав да се јавам во пон да закажувам за јануари... ај баш ќе видам во пон. Не памтам точна сума до 7000макс прв/втор
Јас за првиот скриникг со приска платив 13.800,вториот не знам колку е сигурно е малку поскап од првиот.Јави се прашај ќе ти кажат.
6600 и јас платив за ќерками. Ноември 2024. Кај Симонида бев . многу добра докторка преубаво си поминав. А систина да не знаете колку е ? таму мислам поскапо беше уште тогаш.
Од се што прочитав до сега, добро е да имаш две мислења, значи и на државно и приватно кај специјалист
Ве молам мислење за прв скрининг од кој доктор сте задоволни, освен Димчев во Систина? И како се со цени?
Дали одите на ехокардиографија? Направив 2 скринизи, еден државно еден приватно и се е во ред, ама сепак ми препорачуваат и тоа за секој случај па се мислам што да правам.