искуства кај др. Органџиски за втор скрининг. со другиве деца правев два пати втор скрининг ремедика кај Симонида и Афродита. а со првото систина кај Гордана Петровска. Сега нз шо ме влече кај Органџиски да одам.
Јас ремедика бев Кај Симонида и Афродита по пола саат ме гледале за втор скрининг до детал најситен прецизни. Искрено позадоволна сум од ремедика одколку систина и поевтино е 6600 последно платив за третото бебе кога бев. Сега нз шо ми се уврте да одам кај Органџиски. ама пак кај Симонида ќе си закажам најверојатно.
Еве само што се јавив. Без разлика што претходно сме оделе на прегледи/скрининзи таму, цената е исто 8700 денари. Наводно поевтино е само ако оставиш депозит за пораѓај од 20 000 денари. Ги собраа повеќето добри доктори, ама стварно се безобразни со цениве Систина! Нехумано е ова веќе. Сфаќам како функционира приватен бизнис, ама го претераа. Знаат дека ова ни е најбитно во животот и го искористуваат тој факт! Иди дозволи си преглед од 8700 денари со просечна плата од 700 евра. Бескрупулозно.
Се сложувам, безобразна цена за 20 минутно гледање на ехо, а да се собере дека дневно по 15 прегледи имаат кои цифри се тоа …