Јас бев кај Лазаревски и ме следеше до 16та недела, он не пораѓа, се породив кај Палчевски во Систина. За Ивановски колку што знам он пораѓа. А за скрининзи одев кај Димчев. А за стручноста на двајцава ивф доктори, не се сомневам воопшто, лично јас. Разговарај со Ивановски околу скрининзите па сама ќе одлучиш дали кај него дали кај Димчев.
Поради истите причини не отидов на прв скрининг. Можат матичните да ги предупредуваат пациентките од периферијата. Два пати да треба да отидеш до ск ете ти го приватно скринингот.
Матичните треба да гледаат каде закажуваат, ама за жал многу ги има што не се замараат. Убаво си е напишано кои се амбуланти за скрининг на ГАК, а не само еве ти упат па чуди се после кај си била, а каде требало да одиш.