Здраво, Ве молам тие што имате искуство за втор скрининг кај др.Маја во ГАК соба 37 да ми споделите. Ви благодарам ☀️
Др. Маја ми ја предложи матичната за прв скрининг бидејќи била добра и стручна, кога влегов во собата имаше специјализантка со која збореше на англиски и докторката уствари нејзе и објаснуваше што се прави и што гледа во моментот на екранот, среќа па разбирам англиски, и после 10тина минути ја прашав дали е се во ред и се сепна, тогаш се сврте кон мене и во неколку збора ми го повтори истото. Можеби за втор скрининг би била подетална, повеќе работи се гледаат, јас имав впечаток дека е уморна и не и се збори многу.
На никој на ГАК не им се зборува и приговара, а недај боже прашање ако им поставиш… Јас не знам искрено како одите и сте задоволни од ГАК, последно да е кредит ќе земам не одам веќе таму. До сега три пати отидов и во сите наврати владееше безобразие во преголеми размери од сите служби, почнувајќи од сестри, хигиеничарки па се до доктори
Сите три срининга за првото дете ги правев кај него презадоволна.Сега и за второто исто кај него.Во сигурни рацеси да не се мислиш.
Јас вакво мислење имам само од итната амбуланта, побезобразни створења нема од таму. Останатиот дел на ГАК одлично поминав.
Јас па од нив без многу задоволна на ГАК, одев често на Ургентен, секогаш ме прегледувале и ако имам проблем преку ред ме примале, баш тие внатре во болничкиот дел што се, беа катастрофа, затоа и не решив да се пораѓам таму. Ама сега можеби е сменето, ова зборам пред 5 години.
И пред две години и сега исто лошо понашање, можеби така ти се погодило. Јас таму се пораѓав и за тоа имам само најдобри зборови.
Ако може информација дали некој знае која е разликата во амбулантите: Амбуланта за Фетална Супервизија и Суб-специјалистичка амбуланта за фетален скрининг и супервизија, и кои добри доктори се таму? Ви благодарам однапред
И двете се за скрининг, во фетална супервизија го прават вториот скрининг а во другата е првиот. Јас имам лично искуство со др.Самарџиски од таму, а доста ги фалат и докторките Данева и Ливринова ( кај нејзе имам одено на комисија и беше исто така доста детална на тој преглед, претпоставувам дека така е и на скрининзите).