Ако веќе одиш на приватно, тогаш подобро кај некој спезијализиран за скрининг, Димчев и Гордана Петровска во Систина
Повеќето доктори во Систина ги прават скрининзите, ама мислам дека само на овие двајца баш специјалност им е скринингот. Може во меѓувреме завршила нешто плус, не знам.
Во право е Нала, специјалност ѝ се и на Корнелија скрининзите. Мене ме води Бојаџиев и он ме праќа практично кај неа. Сигурна сум дека Димчев е супер, ама имам некоја интуиција дека и Корнелија е. Утре сум, ќе ви кажам како ќе пројдам
Еве со update: Докторката е супер, превнимателно ме гледаше и сѐ што требаше да види си виде, фала Богу сѐ е ок. Не го брзаше воопшто прегледот, дури и бебе беше скриено и криво и беше што не можевме да го фатиме убаво на 4д, ама за мене тоа е помалку важно, важно е сѐ како што треба. Платив 6120ден (имам уплет депозит и 10%попуст). Искрено, топла препорака од мене за докторката.
И јас бев пратена кај Корнелија закажав кај Димчев, може и ќе презакажам не знам што да правам. Како сте задоволни од него?
Јас првите два ги направив кај Димчев и третиот го закажав кај него исто така. Го препорачуваат многу доктори него, вклучувајќи ја и мојата матична па така и јас за него се одлучив. Ок е на прегледите, внимателно гледа, но не зборува многу не објаснува што точно гледа, колку треба да биде - колку е мерката и слично, барем кај мене така беше. Ама, па и сите се надеваме дека нема да има што да каже освен се е супер, терај Така што, ако сакаш доктор што објаснува повеќе, раскажува за време на прегледот Димчев може и да не ти остави впечаток (пак ќе кажам, во мојот случај не е погоден доктор ко што сакам јас ама поради фалби и препораки кај него сум за скрининзи ).
Јас не би го менувала Димчев. Во двете бременоси скрининзите ги правев кај него. Може не објаснува во детаљи ама тоа што треба го кажува. Плус пријатен човек е, не ќути, комуницира.
Фала на одговорите. Искрено не ми е битно дали збори или не, и онака не разбирам, битно ми е да гледа саглам и да ми каже дали се е ок
Димчев го фалат и е во поскапата група, ама јас и од Корнелија сум презадоволна. Сѐ ми кажа што гледа и беше трпелива бидејќи бебе не се местеше, но сепак успеавме сѐ да видиме. Димчев можеби е најдобар ама тоа не ги прави автоматски другите лоши. Баш и матичната кога ме праша кај кој ќе одиш и кога ѝ кажав ми рече супер е и Корнелија. И навистина така испадна.
И јас сум презадоволна од Корнелија, кога сакаа да ме пораѓаат предвреме, само она и Ќаев беа против, и испадна баш како што кажаа они двајца. Само пофални зборови имам за нејзе, префина и престручна докторка.
Исто и мене, јас сум на др. Димитров пациент кога го прашав за скрининг рече оди кај Корнелија или Гордана, Димчев остај го за втор скрининг.
Супер е докторкста пријатна ,објсснува.Во Систина сега она е задолжителна за детален преглед на срцето на бебето.Гинекологот што ме водеше направи скренинг ама за детален преглед на сецето на бебето ме прати кај Корнелија.
Јас закажав кај Димчев, ама ми се јавија таа недела ќе користел одмор и предложија за кај Корнелија. Ама, јас кажав кај Петровска ако може и имаше термин. Не знаев дека и оваа докторка е стручна за скрининг.