Ти благодарам многу на одговорот! Се надевам дека се ќе биде во ред бидејќи направивме Нифти, сите резултати се со низок ризик, прв скрининг кај матична, исто се во ред, планираме вториот скрининг да е кај Димчев, човекот едноставно е неприкосновен во својата област.
Искуство со Ана Данева за прв скрининг во ГАК? Колку време трае прегледот ? Дали добро објаснува докторката? Прва бременост ми е па немам искуство со тоа што и како се прави за време на прегледите
Предобра, целосно се посветува и се објаснува. Една од подобрите докторки на ГАК. Со првата бременост сите скрининзи ми ги правеше.
Ти благодарам на одговорот, имам малце како трема пред првиот скрининг па затоа сакав барем да биде кај докторка која што си ја знае работата
Здраво. Сакам да прашам, за втор скрининг закажав кај Димчев во Систина. Дали знаете одприлика колку време трае прегледот?
Сега ми пратија резултати од приска тестот. Ме загрижува hcg многу ми високо 7.44. Вака се е негативно но само тоа ми високо многу. Утре докторката ќе ги види, но се плашам зошто е тоа толку високо.
Сакам да закажам втор скрининг во Систина кај Димчев е сега дека најверојатно сакам таму да се пораѓам,а одам периодично на преглед кај Палчевски и тој сакам да ме пораѓа дали би бил некој проблем што ќе правам скрининг кај Димчев? Да не ми искоментира нешто докторот или да не сака да ме пораѓа ако изберам скрининг кај друг доктор? А како што гледам во Систина не прават скриниг изгледа сите доктори затоа сакам кај Димчев дека е доста фален
Девојки дали некоја од Вас правела втор скрининг во Чаир Незнам дали да барам Систина на приватно Или имате добри искуства и со Гак и Чаир
Апсолутно не би требало да има проблем. Некои членки наназад имаат споделено дека доктори од Систина кои им ја следат бременоста, самите го препорачуваат Димчев за скрининг. Јас исто скрининзите ги правев кај Димчев, а пораѓање здравје кај Дракулевски планирам (треба допрва да потврдам и да се видам со докторот).
Палчевски го прави тој само првиот скрининг, а за втор тој ќе те прати сам кај Димчев, така се случи кај блиска моја, дури сам се јави да и фати термин кога требаше додека беше на преглед кај него.
И мене ме интересира истото. Дали се добри докторите на Гак и во Чаир за втор скрининг? Или подобро директно приватно да одам
Jas odam na GAK tamu site doktori se dobri. Prv skrining kaj Gabriela Businovska, vtor skrining kaj Maja Pejkovska i dvete doktorki se vrv osobeno Businovska. Za Chair ne znam,no za GAK site doktori se dobri