Не, тоа е посебен преглед на кој што детално се гледа само срцето на бебето и се прави само по индикација, ако е забележано дека има потреба.
Нема уште пуштено термини ниту кај Димчев ниту кај Петровска. За таа недела што ми треба. Може ќе се на одмор. Не знам каде би одела ако не се таму. На ГАК ич не сакам, ама ако морам...
Се јавив прашав,ми кажаа 8700 кај др Драшко ,а кај Корнелија 6800. Прашав и кај Орханџиски таму е 6500.Се мислам за таму да појдам,не знам дали се ок докторите.
Женички ,правела ли некоја од вас ,фетална ехокардиографија кај Орханџиски? Како сте задоволни,ако има некоја нека сподели искуство.
Овој преглед ми го препорача Митко Ивановски да го направам, кога бев на скрининг во 20та недела, и дури имаше точно напишано кај која докторка да го направам. Ме интересира дали и вие толку рано имавте препорака за ваков преглед? Јас не сум во план да го правам искрено, не сакам да си правам стресови без потреба. Секако до 36та недела има доволно време да се оформи срцето, сега и да идам што ќе ми кажат, и што можам да преземам и да има нешто.
Не знам каде живееш, но ако ти се шета закажи си директно кај Драшко во неговата ординација во Прилеп. Во 2022/3 беше 1500 ден прегледот.
Јас вториот скрининг го направив кај Димчев и тој ми рече дека нема потреба да правам дополнителен за срцето. Не направив.
И јас водев кај него бременост и мене ме прати и отидов.Одлучи си сама ,јас решив дека првотп дете ми беше предвремено родено и имаше шум на срце и сп док решивме да отидам на прегледов да не ми биде во мисла.
Здраво имам едно прашање.За три недели од сега докторот ми рече да одлучам дали да правам приска тест или оној неинванзивен пренатален. Е сега прашањето ми е бифејќи читам во групата дали се прави и прв скрининг и овој тест или само тестот?
Здраво, се прави и прв скрининг и приска/нифти. Скринингот е за физичкиот развој на плодот, приска/нифти за генетскиот. На скринингот може да се видат и некои генетски аномалии на пр. Даунов синдром.
Кој би го препорачале вие? Прва бременост ми е и не ми е јасно а со блиските кога зборувам порано тоа не се правело и неможат да ме посоветуваат
Во темата „Неинвазивни пренатални тестови“ има многу искуства на трудници со различни тестови - и приска и нифти... Јас конкретно го направив Панорама + во Систина. Има многу тестови, од различни лаборатории и болници. Разгледај си, прочитај, генерално слични се. Јас исто имав проблем да одлучам на крај се решив за Систина затоа што во тој период кај нив беше најевтино Панорама + тестирањето.