Здраво, мешиња. ❤️ Сакам да го споделам моето искуство, можеби ќе ѝ биде од корист на некоја од вас. Благодарение на една членка од форумот која ми го даде бројот од д-р Драшко, одлучив ехо-кардиографскиот скрининг да го направам кај него во Прилеп, наместо во Систина. Цената во Систина беше доста висока, па повеќе ми се исплатеше да отпатувам до Прилеп. Докторот многу детално го прегледуваше срцето на бебето, сè убаво ми објаснуваше и одговараше на прашањата што ги имав. Прегледот траеше околу 20 минути и чинеше 2.000 денари. Навистина сум задоволна од пристапот и професионалноста. Топла препорака за д-р Драшко.
Maticnata moja ne pravi vtor skrining ama mi predlozi vo istata ordinacija kaj dr Gligor. Dali imate iskustvo so nego? Inace ordinacijata se vika dr Lozanovski
Здраво. Бев на втор скрининг кај Димчев. Прегледот траеше 10мин. Бебе мрдаше многу. Докторот не рече скоро ништо. Во извештајот добро е се, меѓутоа некако многу набрзина ме гледаше. Како сте поминале вие?
Со првото дете слично како тебе. Нека е се добро, не мора да ми праве кој знае што муабет. Ако имаш прашање, да одговори и тоа е. И на втор бев кај него. Сега со второто дете сум на втор кај него. За првиот бев кај Петровска, слично минав. Десетина минути.
Ноу хејт, ама повеќето кога ќе отидат кај некој добар доктор на државно и нема да каже ништо посебно, одма незадоволни се, не објаснувал бла бла. А Димчев ако не каже ништо за 9 илјадарки, топ е, искусен, верувајте му. Да ви е со лесно инаку мами, знам дека мирот не се плаќа, и дај Боже се да е ок, ама вака селективни ставови читам и по фб многу и стварно чудно ми е..
Јас знам пример од мн блиска особа кај што Таше од Битола и Димчев самиот ја прати кај Самарџиски на Гак.
јас никаде во биографијата на Самарџиски не прочитав дека примарна експертиза му е фетална медицина, пренатална дијагностика и рано откривање на аномалии кај плодот. Напротив, неговиот фокус е матернално-фетална медицина со акцент на компликации кај мајката и патологија на бременоста. Неговата силна страна се високоризичните бремености од аспект на мајчиното здравје. Нејсе, секој си одлучува за себе каде ќе оди, никој никого зорле не тера на ништо..
Епа ете мене Самарџиски ми откри аномалија кај плодот што за жал мораше да заврши со прекин на бременоста, а Димчев на два прегледи ништо конкретно не ми кажуваше туку ме убедуваше да дојдам на втор скрининг па после да сме виделе. Инаку размакот од последниот преглед кај Димчев и последниот преглед кај Самарџиски беше еден ден така што сигурна сум дека со оглед на неговата стручност има видено многу добро за што станува збор само сакаше да си одолговлечи за да се земат парите за вториот скрининг, знаеме сите многу добро што им е приоритетот на Систина, а да не правам муабет за неговите отсечни одговори и безобразлукот.
Не знам, еве да не навлегувам во неговата професионалност. Јас никогаш не ни сакав да одам кај него, одбивни ми се Систина ама сите ме убедуваа да слушнам и негово мислење пошто демек немало подобар од него ама ете го моето искуство
Исто јас и со прво дете и сега вторава бременост правев кај Симонида, од прстите на нозете до темето ма главата се уредно гледаше, незнам за другиве гинеколози ама и јас сум презадоволна од неа