нај просто кажано скрининг ти е ехото со кое детално се гледаат пропорциите на бебето,нухален набор ,бутна коска,и така натаму приската се прави преку земање крв,еден вид статистика е.За да се утврди колкав е ризикот од даунов синдром
Закажан ми е првиот скрининг во Систина, во 13:30. Упат за Приска земав од матичната. Од Систина ќе ми даат мерки или како оди тоа? До колку саат можам да одам на клиника, и кај точно треба да одам? Истиот ден ќе стасам ли, или тоа крв само од сабајле се зема? Дали има врска јадена/не јадена?
@Корнелија Ќе ти дадат мерки и утредента ќе одиш на клиника, до 1 најкасно. Нема врска јадена/нејадена, јас имав јадено пред да одам да ми зимаат крв. Одиш на ГАК, им го даваш извештајот на шалтер ти праат пресметка за Приска, со извештајот одиш доле во лабораторија и си чекаш Земањето крв трае 5мин, резултатите кај твојот матичен после некој ден ги праќаат.
Супер. Докторката е многу стручна опуштена, ти кажува се со ред, меѓувремено можеш да ја прашуваш, на крај ножете да дискутирате околу прегледот. Ти ја препорачувам.
Денес бев на прв скрининг. Со бебуш е се во ред,нозе,рачиња,'рбет,развивање наа мозокот,стомакот,се. Носето дури. @danichap Денес ми кажа дека осигурувањето ми покрива само три скрининга. Арно ама,заборавив да го земам листот со информации околу тоа. Да не ти текнува можеби,колку отприлика чини на приватно?
Првиот скрининг правев преку крв. За првото дете беше 850 еу, за второто 650, за третото околу 500. Секоја наредна година паѓаа цените. Праена тест се вика. Околу 200 евра платив на приватно за вториот, орган скрининг.
Devojki sakav da prasam, tie sto bile.kaj Dimcev na vtor skrining, dali im ima kazano da dojdat na tret skrining vo 29ta/30ta nedela? Do sega ne sum slusnala, se e okej na vtoriot skrining a i na mene i na drugarka mi sto bevme ni kazal isto. Na treta drugarka ne i kazal.nisto. Pa me zamjslk...
Што мислите дали со мерки на скрининг на нухален набор на вратче од 1,2мм и почеток на носна школка имам потреба од правење Приска
Немаш потреба од Приска. Ама ако те јаде дека не правиш, гледам на повеќе места прашуваш, оди за 5 мин нека ти земат крв и направи. Не е нешто што одзема време.
Здраво. Во една дилема сум па ако може да ми помогнете. 14 недела сум, па денес матичниот ме гледаше на ехо и ме праша дали сакам да правам приска тест. Бидејќи како што сфатив овој тест се базира на компутерски статистики, ме интересира дали е доволно преглед на ехо во овој период, да се земаат димензии па само врз основа на ехото да се заклучи дали треба или не треба да се прави приска? Патем, матичниот ми е многу стар, нема ниту добра апаратура, но е единствен во моето место на живеење, а за ехо би сакала да закажам во ремедика. Има штета нешто за плодот ако на пример во рок од неколку дена два пати сум гледана на ехо?
Направи си,зошто да не? Јес,да е статистики,ама ќе си бидеш мирна.10 мин работа е приската. Мислам нема штета од ехо на бебето,но секако не треба да се претерува.
Ми рекоа 3.800 ден на приватно во мојот град. Кај нас во болница нема. Затоа ме зсмислија. Не дај боже да има потреба ќе ги дадам и овие пари