Ааа не ми текна дека Ики носи близнаци. И јас имам слушнато дека за близнаци е поскапо. @iki26 најдобро јави се во Систина прашај си, да бидеш на чисто.
@manako1 Ме интересира колку плати за скринингот во Систина -Битола и дали можеби знаеш колку е обичен преглед. Дали ехото им е подобро отколку во Плодност?
Pregledite se isti kako vo Skopje,preku Skopje i se zakazuva.Skriningot bese 3000,a koga odev na obicen pregled vo Skopje bese 2050den.Vo Plodnost me gledale na eho ama porano sega vo bremenost ne i ne mozam da gi sporedam aparatite,sega od skriningot mi dadoa slikicki za sekoj organ posebno.
Се дискутираше на темава за скрининзи на систина битола. Еве следната недела Димчев е во Битола. http://acibademsistina.mk/mk/vesti/...7-vesti-raspored-bitola-03-04-2017-07-04-2017
Леле тој Димчев за ништо не го бива толку сум незадоволна за скринингот што е во 21 недела бев во Состина 4000 и нешто ми земаа. А само дали 5 мин ме гледаше и ништо не ми кажа посебно само еве ја главата нозете што и јас го гледав и препознавав.
Леле немојте сеа за Димчев така и јас закажав кај него . Сакав да прашам тие што биле кај него на 2 скрининг цервикс мери? Да знам дал да се средувам Слика ќе ми даде во 4д така? Друго гледа нешто постелка, плодова вода или само органите? Едвај чекам да помине откога го закажав мисла ми е. Само се да биде во ред .....
Ќе бидам точно 21. Матичната ми запиша од 20-24 кога сакам . Ремедика ми пишале од 22-24 ама усно ми рече кога бев 19 та , закажи си за 2 недели таман 21ва ќе бидеш. Одат и на 20та на скрининг.
Јас кај него го прсавев во 23 буквално не ми кажа ништо рече детето е ок одлично убаво бебе. И јас таква потресена викам се му е развиено убаво и он колку што гледам јас да. Ни да ми покаже ова е тоа ова е ова. Абе ќутеше дали не му беше денот незнам а и вработените дрски башка може 2 часа чекав од терминот толју разочарана. За разлика во државна Весна Ливринова мислам така беше абе се убаво објасни кажа многу позадоволна ,а и без пари поминав во државна.
Јас правев втор скрининг кај Димчев. Компетентен е и можеби најдобар во својата област НО со ова искуство никад више кај него. Наредните прегледи минбеа кај Петровска. Каснењето е сосема нормална и прифатлива работа, ок е, се случува. Додека ме прегледуваше си телефонираше со друго колеги за друг случај. За време на прегледот влезе друг доктор па си дискутираа за трети случаеви. А не беше мултитаскинг, јас си лежев они си се муабетеа. Промрморе нешто колку без ич, а јас со втора бременост и едно скрининг искуство зад мене нормално очекував повеќе, па си потпрашав, на што он не реагираше најдобро и ми нагласи дека многу прашувам и други случни коментари. Слика не добив. Не било наместено бебето, па не се ни обиде да потроши некоја минута плус за да направам некоја вежба со надеж да се намести. Верувам дека каде има нешто не дај биже он ќе види, но тоа не ми е доволно мене. Спремај се со клешта да му ги вадиш зборовите од уста и да поставуваш прашања сама оти он не споделува многу многу.
Јас сум па задоволна од него. Беше фин, ми објасниваше за главчето, устата, желудник и се друго. Дали дека докторов кај што одам во Систина му спомнал за мене и беше ок Димчев. И прегледот ми траеше 20, 25 минути и се трудеше се убаво да измери.
Јас на прв скрининг исто излегов збунета. Исто нешто си мумлаше на носот и ништ посебно не кажа. Во дискусија со други ми рекоа дека таков е најголемиот дел од времето и дека ако нема ѓто да каже добро е зошто се е во ред. Многу ретко им се погодувало на луѓе да е расположен за поопширна дискусија. Јас и за привиот и за вториот палнирам да одам и кај докторката што ме води, па она ми објаснува се убаво и детално, така да он ми е само за второ мислење.
Јас за скрининг во Систина ви ја препорачувам Гордана Петровска. Имав прочитано многу добри мислења на форумов за неа па поради тоа и се одлучив за неа, за разлика од Димчев кој е најфален и нели најстручен во таа област но очигледно дошол до славата и веќе не се замара. Гордана беше ептен културна, позитивна и рече дека цело време ќе збори и кажуваше се до детали што гледа, едното раче бебето го имаше позади глава мислам па чекаше го мрдаше да го извади за да изброи колку прстиња има, ми даде две прекрасни слики во 4Д. Само пофални зборови за неа имам и ви ја предлагам нема да се покаете. Беше стручна и посветена на самиот скрининг. За тие 4 000 треба сите да се такви а не само да речат се е ок и толку.
И јас сум задоволна од Петровска бев кај неа во Систина во Битола,за вториот скрининг детално објаснува и дава совети и ни даде слики за секој орган посебно,додека кај матичната се лошо и е завртено бебето и пола од органите не и се гледаат, не може да види ни пол уште а 24+4 сум.Најискрено слушам фалби за Димчев ама штом си молчи и гледа мислам удар ќе добијам од страв дека нешто не е во ред.
И јас имав скрининг кај Петровска и ептен сум задоволна. Траеше може повеќе од пола час, убаво ми покажуваше за сите органи, ги броеше прстињата на раце и нозе, и навистина цело време зборуваше. И на мене тоа многу ми значеше, бидејќи и вообичаено за било што, ако доктор ќути за време на прегледот, почнувам да се плашам деке се мисли што е, како да ми каже и ред глупости
А јас пак денес планирав да се јавам и да закажам за 2 скрининг кај Димчев и сега сум во тотална двоумица Кога ќе помислам дека треба да патувам околу 2ч. до Ск , а за да ме гледа само 5 мин. се нервирам уште сега. Нели најбитно е се да биде добро со бебчо, но ние како идни мајки сакаме да слушнеме и нешто повеќе, да ни објаснат, да ни дадат слики , а вака набрзина ќе се помислиш и дали е проверил се што треба
Jas sum denes kaj Dimcev na skrining. Dva pati sum bila kaj nego dosega sum nemala nekoe loso iskustvo, ce vidime denes. Ce vi pisam kako sum pomimala.
Јас сабајле се допишував со една членка, била минатата недела, објаснувал цело време, и дал слика, мерел цервикс, плодова вода.... Изгледа како ќе се потрефи. Се слушнав и со медицинска сестра од Систина ми рече дека сепак е најдобар за скрининг, мери и гледа се убаво и тоа што ќе каже он тоа е.. И мене ме нервира кога се ќути, во ремедика последно од памет се извадив ќутеше, а он мерел ... Па од кај да знам што гледа нека збори !!! Барем матичнава ми вика еве ни го баткото еве ни го срценцето само што ќе го види. Овие немој ако кажат