Не е грешка. Според последна менструација се одредува. Мене сите доктори ме прашуваа последна менструација, а не срцева акција.
Точно. И мене досега неколку доктори што ме виделе ме прашуваат датум на последна менс. Ако гледаат од срцева како ќе знаеме кога почнало срценце да чука доколку некој отиде покасно...
I jas go znam tocniot datum na zacnuvanje, bidejki sum so IVF. I spored transferot jas sum 3 dena ponazad, poradi pokasna ovulacija (imav transver na priroden ciklus so zamrznat embrion). No sekoj doktor prasuva datum na posledna menstruacija. Kaj tebe na primer e razlika 7 dena sto ne e strasno i da te vodi po menstruacija. Nemoze sekoj eho pregled da bide do den tocen. Jas sum so bliznaci i na primer na pregledot na 16+4 (spored menstruacija), ednoto bebe bilo vo glavata kako za 17+3, drugoto 16+6, pa na sledniot eho pregled vo 20+5 nedela (spored menstruacija) ednoto bilo kako za 21+0, drugoto kako za 20+3. Nedela do dve ne pravi razlika se dodeka se razviva. Inace na prv skrining edoto bebe se namesti taka sto mozese da se vidi maliot mozok i doktorot mi kaza deka kaj zeni sto ne znaat koga im bila posledna menstruacija, starosta na plodot najdobro se odreduva spored goleminata na maliot mozok.
Каков ултразвук треба за скрининг? Во која недела може да се види полот? На 14 август треба да правам скриниг тогаш ќе бидам 12+1
Во врска со полот на бебето , според отчукувањата на срцето на бебето уште во 6та недела ми го погоди полот потоа во 14та недела ми потврди на уз
Јас закажав за втор скрининг во систина ама тогаш ќе бидам 18+5 според последната менструацијата и со близнаци сум .. докторот ми рече за 8 недели се гледаме и точно излегува тогаш, е сега се си мислам да не е рано иако знам дека може од 18-22 недела ама сепак не сум на сигурно
Денес си го зедов упатот за вториот скрининг на ГАК ама на упатот не пишува име на доктор, само докторот ми рече да одам во амбуланта бр.28, а на упатот ми пишале датум и време. Кои доктори се таму? Приска 2 ми рече немора да правам затоа што приска 1 ми бил добар резултатот. Скринингот ми го закажаа за 22+3 недели, ми рече до 24та недела било ок да се прави...
Незнам кој доктор ќе ти се падне но таму се Ливринова,Лазарова,Симеонова,Џикова и Данева кој и да те гледа сите се одлични јас имам од сите одлично искуство.
Абдоминално ми правеа мене и мислам дека нема врска дали на гладно или не, јас мислам дека немав јадено ама правев рано на сабајле во 8, немав време да јадам
Епа така кажи дека сама си отишла на гладно,вака некоја погрешно ќе те разбере ќе мисли дека треба на гладно.