Pred 2 casa dojdov od kaj Dimcev. Doktorot ok bese, sve mi merese vikase eve go glavceto, racinjata... Merki konkretno ne mi kaza no mi rece so dvete se e vo red. Mi dade i sliki od exoto. Na obicno exo ne se gledase ubavo i celo vreme vaginalno me gledase. Go prasav dali da pravam Priska mi rece nema potreba, se e vo red,osven ako ti licno imas zelba. Nema da pravam priska. Samo se iznervirav sto cekav cel cas. I mi naplati 4050 den. Zadovolna sum od doktorot.
Па добро сега, не дека баш 5 минути трае прегледот. 5 минути поминуваат додека легнеш на столот и гел да ти стави што се вика, а не пак вкупно да се задржиш кај него. Јас се задржав внатре 20 минути мислам, може и повеќе беше. Секој со своето искуство.
5мин. мислев за гледање на ехо Но, како и да е, здравје во понеделник ќе се јавам во Систина и ќе закажам кај него. Сепак изгледа дека е најстручен и всушност тоа е најважно.
Па и 5 минути за тој скрининг е прeмалку. Мене на обичен преглед ме гледа 15 минути, а не за скрининг. Терај си како што мислиш
Јас се задржав околу 20 мин. Гледаше се колку што приметував. Не е финтата да останам пола сат кај доктор, туку колку знаење има докторот. Ако има нешто недај боже проблематично веднаш ќе се види и за 5 и за 15 мин.
Во право си мила, знаењето е најважно. Мене ме збуни една членка што имаше напишено дека не е задоволна и дека 5 мин. ја гледал. Јас немам искуство со Димчев и затоа се што читам сакала или нејќела на некој начин ми влијае. Но сепак решив дека и јас таму ќе одам за 2 скрининг.
Јас бев таа што кажав го споделив моето искуство со него дека дали и 5 мин ме гледаше. Може не му бев симпатична хххх се сегувам. Инаку вагинално не ме гледаше. А слики ми даде.
Кај мене беа околу 20 вкупно, ама пола од нив си правеше муабет со други доктори за други случаеви, плус воведен разговор и додека легнав... прегледот 5-7 изгледа беше. Споредено со друг скрининг кој траел 45 минути каде секој орган ми бил покажан и објаснето како функционира и се развива истиот, плус пауза за вежби за бебуш да се поднамести за да извадиме слики, малку ми беше. За тие пари можеше да потроши некој збор или минута плус. Може не му беше денот, може тоа е нормално... не знам. Компетентноста не му ја негирам.
И јас сум задоволна од Димчев. На вториот скрининг само 10/15 минути го бркаше да му ја слика фацата. Па мене ми менуваше позиција на лежење.Посветен беше. Инаку секој со различни очекувања оди на скрининг. Мене ми е важно да биде бебчето добро и докторот да е сигурен во тоа што го констатира. Зборењето и покажувањето не ме игра улога.
Сега треба да го правиш првиот скрининг што е за хромозомски аномалии. Да отидеш на лекар да си ја питаш докторката. Тој скрининг се прави од 11 недела до 13 нед. и 6 дена.
Девојки, читам дека повеќето од вас за втор скрининг одат кај Димчев или Петровска....А каде го правевте првиот скрининг, дали тој може кај сите доктори? Не можам да сфатам дали вториот скрининг е нешто поважен па затоа само кај овие двајца лекари упатуваат сите тогаш...
Јас и првиот го правев кај Димчев. И тој е исто битен за рана детекција на аномалии. И двајцата доктори ги препорачуваат за двата скрининга. Се е избор на трудницата дали и каде ќе ги прави
Мене првиот скрининг Лазаревски ми го правеше, сеуште ме водеше во тоа време. Не закажував специјално, беше во склоп на редовните прегледи на две недели во тоа време. После тој скрининг ме префрли кај Петровска, која и до крај ме водеше и ме породи, па некако нормално ми беше таа да го направи прегледот (таа и амниоцинтезата ми ја правеше).
Не сите одат таму снаа ми беше во државна па поубав третман доби од мене упте во 12 и пол и кажаа и се и објаснија а јас останав со многу прашалници и празен џеб
Мамички и јас закажав за втор скрининг кај Димчев. Дури и гинекологот кај кој одам во Ремедика ми го препорачи него, дека Петрова била на боледување. Едвај чекам да дојде 25ти април, тогаш ќе бидам 21 + 5. Вие во која недела го правевте?
Петрова брзо ќе се врати на равота, добра е сега зборев со сестрата само не запамтив од кога ќе почне ама мислам за 2 недели, кој сака нека си закаже на време