Јас кај матичната платив 900 ден за прв скрининг и по 100 ден за 4-те брисеви. За приска ти даваат упат за на клиника и таму ти зимаат крв. Не се плаќа за ова.
Жени да ве прашам нешто. Во 20 недела бев на консултација во Систина, и уз пат др ме виде на ехо, ми кажа дека срцето вило ок, желудникот исто, раце, нозе тоа се ок, параметри на големина нормални на неделата. Е сега прашањето шо ми е нели треба 2 скрининг да се прави. Сега сум 22 недела. Тогаш др ми рече за 3 недели да сум појдела чисто онака пак да ме види. Да одам пак, или нема потреба? Не знам шо гледаат и прават на втор скрининг јас имам закажано термин, баш во 23 недела кога ќе влезам. Се двоумам дали да одам, да не е касно за тој скрининг!?
Тоа е скринингот со кој детално се гледаат сите органи на бебето и се прави најдоцна до 24 недела,така што не ти е доцна
Мојата матична 1 скрининг наплаќаше 800 ден а втор 1500. Брисеви, јас си носев приватно, ама ми наплаќаше плус 400 ден(100 ден од брис). А државно приската и брисевите ти се бесплатни
Има некој правено скрининг во 23 недела?да не е касно,сакам да закажам во таа недела за да ми се поклопи со терминот за на комисија или да не експериментирам?се гледаат ли убаво органите тогаш?
Девојки кои три скрининзи се правт во бременост? Јас во првата павев 2 и тоа на 12 недела и 22-23 недела. Сега по групите читам 3 срининзи.
Во вторник сум на прв скрининг и ќе бидам 12+1 недела ама кај матичната сум на скрининг, јас после тоа сакам ск во систина да одам на скрининг. Дали може два пати да се прави скрининг? И до која недела најкасно се прави првиот скрининг?
Тоа ти се две мислења ама па нема потреба зашто и кај матичната и во систина оди во систина само да си бидеш пораад. Иначе до 14 недела се прави.
Колку чини прв скрининг во систина? Векичка, Мое мислење оди си кај матичниот,заврши работа со брисевите и приска. Во три дена тоа ќе го завршиш,доколку нешто не е во ред тогаш оди на второ мислње во систина. Ако се е во ред зошто само да трчкаш и трошоци. П.с од тел.имам проблем кога тагирам или кликнам ,одговори,затоа вака пишав..
Сега одам на скрининг во систина . Со какво ехо го прават скринигот? Вагинално или абдоменално? Мислам правилно го изговорив ова абдоменално? Лелле многу сум возбудена како ќе поминам
Jas prviot skrining go zakazav vo sistina ,pa maticnata me premisli rece nema potreba.Pravev samo priska kaj nea,go izmeri bebus i se bese ok.Na vtor skrining veke se dog.da odam vo sistina.Za prviot djabe 4500 da se dadat koga istoto ke ti go kaze i maticniot
Море ич не е џабе и секој денар потрошен досега за сите испитувања што сум го дала не го жалам. Матичната да ја рамнам со Димчев или Петрова no way.