Немој да се тешиш самата себе со тоа што ќе убедуваш други. Прави и втор скрининг тогаш кај матичната. Дојди и ја ќе ти мерам бебето, исто е? Не секој знае прецизно да измери, да види устата дали е правилна итн.
Ehej stop malku.Ni se tesam,ni sum tuka da ubeduvam nekogo.Forumov e mesto za razmenuvanje mislenje i jas imam pravo moeto da go pisam. Jas i veruvam na mojata maticna zosto i posle 3 meseci kriticni vo bremenosta koi gi prelezav vo krevet go napravi najdobroto za mene i bebeto za denes da se custvuvam mnogu podobro od pocetokot. Znae da go meri plodot,da ne znae da si ja raboti rabotata nemase ni da me premisli na nejzina odgovornst A ti dojdi izmeri mi go bebeto !
Јас да ви кажам матичен си е матичен специјалист си е специјалист. Матичната моја сама ми вика за скрининзи се зне кај се оди и ако во ординацијата кај што одам има најсовремена опрема и прават скрининзи,а другиот доктор што одам кога она нее тука ме убедуваше како прават врвни скрининзи што ти не,нормално за да си земат парички. И нее само мерење за приска работава мора убаво се да се види дел по дел,приската нее важна. Еве ако не ви се даваат пари или немате за во систина одете на ГАК има и таму добри доктори. Јас таму одам и на контроли и на скрининг. И јас и верувам на мојата матична да не беше она ќе тапкав во место и кузнае уште колку бремености ќе изгубев.
Мене во втората бременост Кокорманов ми ја забележа аномалијата на првиот скрининг, а во Ремедика бев па тој докторот таму се мислеше и не беше сигурен,па викаше други лекари. На крај пак отидов во Систина и Палчевски потврди исто како Кокорманов. За прв скрининг во 12 недела нема потреба да се оди во Систина или Ремедика. А вториот скрининг е веќе друго.
Мене у среда матичната ќе ми прави прв скриниг баш минатиот преглед ми рече дека ваа недела ќе правиме прв скриниг јас ја прашав у ск ли ќе одам она кажа дека она ќе ми го прави а втор дека ќе одам у државна тогаш. Има 4д ехо. Како изгледа прв скриниг како обичен преглед само што поодетлано мери и следи срцева реакција?
Па не е исто, ти не си докторка а матичните доктори завршиле ем медицина ем специјализирале гинекологија. Првиот скрининг треба да знае секој гинеколог да го направи.
Ми наближува денот за амнио и јас цела сум во страв,и на сон и на јаве тоа мислам. Дали има нешто посебно како припрема пред постапка? Ми кажаа само клексан и аспирин да ги прекинам 5 дена пред. Дали ќе ме задржат некое време после тоа и дали ќе смеам да патувам зошто не сум од Скопје? Нешто има врска со храна и течности ? Многу прашања ама....
Сега приметив дека си пишала извини. Вака освен тоа што ти кажале за клексанот и аспиринот дента ќе си се напиеш б6 и магнезиум пред да одиш одкако ќе завршиш и вечрта кога ќе си легнеш. Нема лежење во болница а за патувањето искрено незнам но ќе си прашаш таму и после 3 дена ќе си одмараш дома ќе си лежиш. Нее страшно ќе видиш.
Дали некој скоро бил за прв скрининг во Систина ама не кај Димчев. Сакам со време да си закажам ама некои мисли ми ставија во глава и сега... За првото дете првиот скрининг ми го правеше матичниот а за вториот скрининг ме прати кај Димчев. Е сега и за првиот скрининг ми рече ќе го направи он и да отидам пак кај Димчев, ама па слушнав некој со неубаво искуство од кај него и сега сакам друг доктор. Кај Петрова ли да закажам? Вие со кој имате искуство?
@danichap sakas da kazes ne za Dimcev za skrining? Predlozimi nekoj drug doktor za vtor skrining za da zakazam
Стручњак е и компетентен, за тоа не негирам. Но за оние обични прегледи, каде фала богу нема проблем или нешто специфично, често знаел да биде краток и недоволно детален. Ќе види дека се е ок, што е најважно секако, па и прегледот ќе биде пократок од очекувањата. Не секогаш, но често споделувале така. Конкретно кај мене, ај каснењетомпд повеќе пд час, се случува да речеме, болница е сепак. Пола преглед висеше на телефон со друг доктор, додека ме прегледуваше влезе трет доктор па со него си коментираше за друг случај, не зборуваше додела трае прегледот па јас поставував прашања кои за него беа премногу па ми искоментира нешто и со негодување одговараше... До денот ваљда, каков му е. Петровска на прегледите беше одлична според мене, пак би отишла кај нејзе, дури и за скрининг.
I jas koga ednas bev kaj nego cisto na obicen pregled skoro isto vaka se ponasase. Sepak sakav da odam kaj nego na skrining sum slusnala mnogu dobri zborovi za nego pa sega se zamisliv sto da pravam
Дали многу ќе зборува или не и не ми игра некој многу голема улога иако за цел скрининг на кој доцнеше саат време 2 реченици кажа и тие со клешта му ги извадив. Се беше во ред па ај да не биде 2 минути -4000 ден.се обидуваше да ми направи некоја сликичка од бебе кај што се гледа поубаво. Нека види што треба па и две букви нека каже. И јас знам дека е врвен стручњак и го знаев како број 1 за скрининзи кај нас ама искуство на една познаничка ме премисли. И тоа и ја водел цела бременост, не само еден скрининг кај него. Знам за секој доктор има и вакви и такви мислења ама таков пропуст за било кој доктор е незамислив, камо ли за Димчев. Ќе истражувам уште имам време па ќе пишам кај ќе биде.
Мене скринингот испадна да ми го прави специјализантка на клиника, Самарџиски кога влегов ме праша дали имало проблем некаков од матичниот посочен, му кажав не, дека за редовниот втор скрининг сум и човекот си излезе... Многу се изнервирав... Специјализантката позбунета и од мене, мереше 15тина мин и ми рече се е во ред..
Сиг си била веќе, најбитно во прв скрининг им е дали има носна коска и колку е вратниот набор. Исто и мене матичната ми правеше прв скрининг во двете бремености, а за втор ми рече да одам во државна или ако можам да си дозволам кај Димчев. Бев кај Димчев. Со прв скрининг се прави и Приска 1.
Мене Димчев ми рече, 30та недела 3ти скрининг. Но прочитав тука дека и не е нешто задолжително, па не отидов...