Првиот максимум до 13+6 се прави, после тоа не може да се измери нухалниот набор. А вториот е морфологија на органи, подобро е после 22 недела за да се оформени органите, така што и подоцна не е страшно.
@Bella* затоа ти го направиле првиот, инаку ден после 13+6 не се гледа, не дека нема да измерат други работи, ама скринингот за Даунов е до тогаш точно.
После три недели денес имаме резултат од амниоцонтеза, на тел.сестрата ми кажа било се ок ќе сме имале братче Утре одам да го земам резултатот и ќе го правиме вториот скрининг. Едвај чекам и радосна и многу возбудена
Знае ли некој колку пари е скрининг во ремедика? И која од овие две докторки е подобра д-р Котларова или д-р. Петрова? Сакам втор скрининг да правам таму а овие две докторки ми ги препорача д.р Хаџи Лега до сеа одев неколку пати кај него на преглед ама бидејќи он не правел скрининг ми рече ако сакам да правам кај нив кај една од овие докторки да закажам.
Малку ме замисливте со ова.. Според менс. Сум 16нед. Според големина на плод 17. Е сега досега немам правено скрининг во 10 недела правев верифи со испитување комплет се, сите аномалии даунов итн. Сега ми закажа прв скрининг за 6 недели тогаш ке сум 22ра. Ме чуди зошто не ми кажал за првиот скрининг дека треба да се прави, дали поради верифи или..? Дали има некоја од вас што прв скрининг го правела во 22ра нед. ?
Првиот скрининг е за да се исклучи Даунов. Тој се прави во 12-та недела, не може во 22. Претпоставувам дека не ти го кажале бидејќи веќе си направила такви испитувања. Во 22-ра недела ќе правиш втор скрининг на кој ќе се проверат како се развиваат органите на бебето.
Жени за колку време ви излегоа резултатите од приска 1, мене ми кажаа за три работни дена и тоа дека ги праќаат кај матичниот. Поминаа 4 раб. дена и сеуште нема ништо кај матичниот дали е нормално тоа? Некоја со слично искуство?
За три дена. Јави се ти кај матичниот нека побара или оди земи си ги. Јас си ги земав сама на одмор ми беше докторот баш тогаш.
Им ѕвонев и рекоа ке ми се прејават да проверат и по два часа пошо не се јавија појдов до кај него, еве сега само што се вратив од кај него сеуште немаат ништо, уф се нервирам можно ли е да има нешто лошо?
Јас ги чекав две недели за да ги пратат и немаше ништо и кога отидов да ги земам од гинекологија ми викаат паднал системот и не се пратиле. Затоа најубаво почекај ако нема ништо до утре оди земи си ги
Здраво девојки Дали може некоја од вас која го правела вториот скрининг на ГАК да сподели искуства од која докторка сте најзадоволни. Јас се мислам за Џикова(ме гледаше во 12 недела) или Ливринова?
Ливринова. Да не одев во Систина, ќе одев кај неа. Имам доста пријателки и од фамилија жени кои одеа кај неа, па и за пораѓај, нема промашај кај жената. Мислам најстручна е таму.
Ливринова е врв,но кој и да те гледа од овие докторки нема да згрешиш. Лазарова,Ливринова,Џикова и Данева,мене ме следи Лазарова и сум задоволно многу од неа,но искрено додека неми потврди Ливринова дека е се супер не бев целосно смирена,многу доветба имаме во нејзе.