Некој може ли да ми објасни ако се прави скринингот преку крв зошто одите на приватна клиника и што уствари се открива. Јас сум скоро 8ма недела, др ми се јави за да ми закаже за три недели прв скрининг. Па би сакала да знам за да можам да одлучам дали да одам приватно или на државна Скопје.
Скрининг не се прави преку крв. Тоа е приска. Скринингот се прави на 4Д ехо. Се гледа дали кај плодот има некаква аномалија.
Скрининг не се прави преку крв туку на 4д ехо те гледа а за прв скрининг имаш прво преглед на ехо после со тие резултати од ехо ти зимаат крв за приска која всушност е само статистички податок и не е толку битна како скринонгот за кој имаш прв втор и трет скрининг
Аха значи уствари тоа ќе биде приска. А за скрининг треба др да ме упати кога да го правам, т.е. тоа 4д ехо или сами треба да си закажеме? Извини, прва бременост, се ми е нејасно и ново.
Па да докторот ќе ти каже обично прв скриниг ја го правев во 12 недела и ми го правеше матичната а после со резултатите ми даде упут за приска за во државна.
Да ги разгледаш задолжителните прегледи, да имаш претстава што и како иде по ред https://acibademsistinababy.mk/inde...emenost/8-zadolzitelni-pregledi-vo-bremenosta Имаш 2 битни скрининзи. Првиот е околку 12та недела, на ехо те гледаат и се детектриаат дали има аномалии. Покрај ехо може истиот ден да ти земат крв и за проверка на ризик за дануов синдром. Но голем дел од докторите не сакаат да го прават ова со крв бидејќи биле само математички формули. Јас би ти советувала за овој скрининг да идеш на приватна клиника, стручен доктор ќе те види на ехо, и според тоа ќе види дали има некаков ризик. Вториот ти е од 18та недела до 22ра, исто те гледаат на ехо и тогаш се гледа развојот на плодот, дали сите органи му се развиени, дали е се во ред и дали се појавуват вродени аномалии. Овие тие се 2 најбитни прегледи, и затоа најчесто за овие се оди на приватно поради постручноста на лекарите и посвремената опрема. Ремедика и Систина за овие наплаќаат околку 4.000/4.500 мкд
Јас направив втор скрининг кај Димчевски 4570 мкд , пред две недели бев. И навистина многу добро се понаша докторот ме гледаше долго ми објаснуваше све детално, јас сум задоволна како се понаша зашто од порано читав дека не комуницира многу со пациентите ама кај мене многу убаво ми објасни све 25 минути ме гледаше.
Мешиња утре треба да одам на ГАК за 4д. Меѓутоа на упатот не ми пишува кај кого само пишува Акушерска амбуланта 1,соба 37 (во 17.40) . И на упатот пишува дека ме упатуваат поради високоризична бременост. Ова малку ме уплаши, матичниот ништо не ми спомна.
Zenski pisete za 4d skrining sto treba da pisuva na uputot. Za koja ambulants treba da pisuva za na Gak
Значи на упутот што ми го дадоа стои За Гак за Амбуланта за фетален скрининг и супервизија. Добар лк е за 4д
Фала Моник. Не ми е јасно. На мојтермин.мк има термини и за амбуланта 36,37 и за амбуланта за фетален скркнинг. Тоа ме буни