@monik55 , сакав да те прашам дали др.Ливринова секој четврток е во амбуланта ? Бр.37 така?! Сакам овој четврток да одам кај нејзе,ама со приоритетен упат,дека нема слободни термини. До колку се тие со термини? До 12/13часот? А треба на упатот нешто посебно да пишува? Или само фетален скрининг?!
Дрнеска сум на втор скрининг кај др. Елена Петрова во Ремедика нркој да сподели искуатво за кај неа? Сакам да ми го измери грлото на матката бидејќи првата бременост се породив пред време во 24 недела и треба да и напоменам или секако го мерат грлото на втор скрининг? Малце сум испаничена прв пат ќе одам кај неа до сега бев кај др.Хаџи Лега и по негова препорака и по на матичната закажав втор скрининг кај д.р Петрова
Одлична е Петрова. Кажи ѝ да ти измери грло на матка и комплетна анамнеза од претходно. Запиши си сѐ што сакаш да ја прашаш и да ѝ кажеш, пошто може да заборавиш од возбуда
Што се гледа во втор скрининг 20 недела? Наредната недела сум, па да знам што да очекувам и дали е страшно .....
Се гледаат сите органи на бебето како работат поединачно и опширно. Јас утре ке одам па ке се потрудам да запаметам све у детали.
Помина и вториот скрининг. Девојка права 430гр. Се врти се крие се помина добро ми олесна Фокус имавме на срце и мозоче ама се детално гледавме секое органче, прстиња рачиња ноџиња и така
Феминки јас го направив и вториот скрининг. Бев прво на клиника, кај Габриела Иванова, но докторката не можеше да ги види убаво срцето и стапалцата па ми рече да дојдам за 3 недели повторно. Мене не ме држеше место па веднаш закажав во Ремедика кај Петрова. Докторката е одлична многу убаво ми објасни се и ми направи детален преглед од 30-40 минути. Малку сум под стрес бидејќи ми најде дупче на срцето на бебето (т.е. како она што вели шум на срце) и исто така протокот во аа. утерина од десната страна е добро, но од лева страна не баш, намален е протокот. За шумот на срцето ми рече дека не било многу страшно бидејќи во најголем број од случаите се затварал сам, но што ако не се затвори? Матичниот кога ги виде резулататите ми рече веднаш да закажам кај Драшко во Систина. Закажав за на 31ви наредна недела па ќе видиме што ќе ми каже. За протокот треба да правам ддимери за да видиме што како. Значи човек да не е раат Пробувам да не мислам и да сум фокусирана само на бебчето ама мисливе не престануваат. Некој со слична дијагноза? Некој совет, искуство?
Препорака гинеколог од струмичката болница, или некој приватен, освен триводалиеви, за вториот скрининг?
Nikoj boga mi nikoj ako mozes da si zakazes na gak vo sk skrining kaj Dr lazarova najarno jas od nea sum prezadovolna mnogu mi e krivo sto moram ovde vo strumica da se poragam zaradi mm mnogu se raspravav za ova no toa e
Се мешам бидејки нее хумано еднаш да кажуваш да фалиш после да викаш не никаде. Па уште викаш не нее така а си пишала дека е така.
Во која недела ви беше првиот скрининг и дали се гледа целосно грбчето на бебето? Јас сега рачунав ќе бидам (според закажаното) 12 +6. Мислам дека е таман нели.