Аман бее тој за пари, а шо ке те извади од памет тебе тоа е друго.. Јас кај него на прегледи одам ама некако и мене не ми е по кеф затоа се мислев сега за скрининг кај да одам и ете и после ова дефинитивно ке го сменам. Влатко и Кристинка ми ги фалат многу сега се мислам мегу тие 2ца
Сигурно и тој зема некој процент за тоа што одиш кај него. И јас сакав кај Кристинка ама баш тој ден беше слободна и затоа отидов кај обедникивски. Како и да е чим е сега се во ред нема да одам оти секако еден преглед е 1500 а на две недели да давам по толку немам. Секако дека за здравјето на децата не се штедат пари но кога е се како што треба нема потреба
Секако дека зема процент, затоа те враќал по сто пати. Јас еднаш месечно одам и не ми се гледа многу, ама неможи некој будала да те прај. Ќе го сменам А извини втор скрининг колку е? Немам прашано
Девојки дали некоја знае кој ден е Ливринова, а кој Лазарова на Гак за втор скрининг и која е подобра? Исто ме интересира и кога одприлика излегуваат термините за јануари пошто уште нема ништо.
Мислам дека Лазарова е понеделник, Ливринова вторник, ако сум грешка ќе ме поправат.. Инаку и двете се ок, јас бев кај Лазарова и за прв и за втор скрининг, супер фина е ама мислам дека која и да е од двете супер ќе поминеш.. Е сега за термини не би знаела кога ги пуштаат..
и јасс одприлика тогаш Вагинално бе женски сите велат дека не чини да се гледа која недела сте ? @flower55555
И јас така имам слушнато па до сега еве 19та нед во Плодност само вагинални прегледи имав. Си велам тие најубаво си ја знаат работата
Јас досега освен на почетокот кога имав кафеав исцедок немам вагинален преглед, а и ми е страв сега.. матичниот не ми дозволува вели дека е ризично..а во плодност секогаш тие и вагинално прегледуваат :/ кога одев на почетокот
Уживај не мисли до толку Јас само едвај чекам да си го видам и да слушнам дека е во ред, па како сакаат нека ме прегледуваат
Хм,освен за брисеви и ако нема нешто итно не дај боже,мислам дека нема потреба од чести вагинални прегледи. Иначе јас пред 3 дена го поминав и вториот скрининг кај Димчев,прилично брз преглед,без многу муабети..битно рече дека е се во ред,тоа е најважно
Не е касно мислам таман е. А мене па мојов како што го разбрав ми рече тек во 24 ќе ми правел, демек од 22 до 24 се правело. Ама како што читам сите прават во 20-22, па може некаде на приватно ќе си закажам и 21 недела.
Да, се слушнав со докторот сега ми рече до 23та се прави и таман било 22ра за скрининг. Оди си порано не ке чекаш.
Благодарам @monik55 . Сега останува да ги објават термините и да ја убедам матичната да ми даде упат пошто она запнала она да ми го прави скринингот