Дај препорачај ми друг но добар или Ремедика или Систина. Ми треба за втор мислење за прв скрининг. Многу ми е битно. Димчев е на одмор дури 20ти е на работа ...
Фала ти. Да видам дали има термин. Ја читав ја фалат неа многу. Искрено само Димчев ми е познат. Но чим ја фалат сигурно е добра.
Кај Петрова оди си, јас бев кај неа супер е. Ако немаш термин кај неа, види и кај Котларова исто била добра. Јас ако не најдам термин за втор скрининг, се мислев кај неа исто.
Фала ви девојки!!!! Закажав кај Петрова најдов термин баш до крајот на терминот за прв скрининг. Само се да биде во ред Господ да е со нас. Ве гушкам
Ќе можи некоја да ги напиши вредностите на нејзиното бебе за Нухален набор и ЦРЛ? Ми требаат за споредба. И дали ја знаете отприлика нормалната вредност на двете?
Нухалниот набор 2.1 А за crl ако е crown rump lenght 74.1мм тоа ми стои на резултатот од приската А нормални вредности не пишува кај мене кои би биле
Да да се си е најнормално,low risk си пишува на приската,еве ме 21 недела ја завршувам бебе машала напредно си е не се замарај штом си го поминала скринигот ако недај боже виделе уште на ехо одма би кажале.
И кај мене мила ехото во ред, дури и пред да се прави приската докторот рече супер ќе излези и приската, еве го и наборот и димензиите си се супер. Ептен задоволен и сигурен изгледаше. Но во приската излезе како ризик. 1:950 low risk исто. Се загрижив.
Дали некој знае цени за скрининг и приска на приватно? Прв скрининг тој што е во 12-13та недела. Како се движат цените бидејќи термини на државно нема, а не ми се прави кај матичната сакам мислење од специјалист со подобро ехо. И дали е штетно да направам две едно кај матичната едно на приватно на пример?
добро белким јас ко ќе ми дојде редот ( за околу 3-4 недели ) ќе успеам да најдам термин на гак. Инаку според мене немаш потреба два пати истиот скрининг да го правиш. Еве нека кажат поискусните.
Јас и ти ист термин сме мислам, најдобро било да го правиме од 25.01 до 07.02, мене така ми кажаа. Почнав јас да си барам ама нема слободни термини или па немаат уште отворено за месецов. На два ума сум ми е незгодно и да ја навредам матичната дека не сакам кај неа тој како атер од незгодно да го направам и секако едно мислење скоро без пари не е на одмет Работава е дека кај неа изгубив многу години и никогаш не беше сигурна дали гледа фолекул и не ми се остава сега да гледа дете не и чини ехото обично е дали е 2д не знам.
Јас во ремедика ги правев дваѕа скрининзи. Цената за скрининг и приска во 12 недела е 8000ден плус 3000 ден за брисеви. Ако ги правите тамо. Сепак кај матичен не се прави скриниг мое мислење,во ремедика само 2 докторки прават,значи не се сите обучени за скрининг. А исто мое мислење е дека вториот скрининг е побитен,затоа што тогаш ги гледаат органите како се развиени,како и да е убаво е да се направат двата.
Да секако,гледаат дали има носна коска и мерат нухален набор,тоа е многу битно за да се исклучи постоење на даунов синдром или други хромозомски промени доколку недај боже има плодот,па ти земаат крв и со податоците внесени од ехото и твоја анамнеза се пресметува ризик за постоење на некакво хромозомско пореметување. Некои не прават приска затоа што е стстистичка пресметка,но јас за раат си направив. Да си закажете скрининг не го скокајте