Девојки само да ви кажам бев кај Петрова и во право сте биле за секој збор! Презадоволна сум, доктор како што треба да биде. Ми ја разјасни дилемата дека се е во ред, резултатите се во ред од приска само кога некој не знае да ги прочита тоа е... Стресот помина. Ве гушкаме!
Девојки тие што сте биле во државна на скрининг, кажете ми дали сте задоволни? И дали вториот скрининг 3500 е во ремедика?
Да ве прашам за прв скрининг јаас закажав точно на 12+0, да не биде нешто проблем, да не е рано? Инаку матичната ми рече може уште од 25ти, а тогаш ќе бидам 11+4 и сега ме збуни, јас таман пресметав ај после 25ти да не е баш на денот, ама кога видов точно 12та недела е денот? Да презакажам за покасно или?
Таман си е, и јас бев точно на 12+0 ...се си се гледаше убаво на ехо, не се секирај! уште бе не закажа? ајде, ја по тебе се ориентирам
И јас баш сакав да прашам да не е рано 12+2 имам јас закажано. Кај Петрова,сите ја испофаливте и одвај чекам да отидам.Трпение 0
И ти си таман! А и за докторката, вистинскиот избор!!! ...Шо реклама и мавнав до сега, мислам за втор скрининг треба попустче некое да дадат
Ај немора гратис, сепак две се кај мене,ќе има доста работа,нема смисла ептен гага да и одам, ама еве барем упола цена Пак ќе одат за корисни аксесоари, во Кринон да речеме Иначе, оффтопик морам да ви се пофалам, пијам прво кафе после 3,4 месеци, како експеримент ми е дали ќе ми се свиѓа, пошо до сега не го поднесував...и да ви кажам добро ми легна Скроз си во право !!!! Јас на 20та рамно планирав
Супер Емка! Јас сеуште немам решено. Иначе на здравје да ти е кафето! И блазе тебе. Јас турско не пијам веќе неколку месеци ама 3/1 нескафе, франк капучино обавезно. Ама вчера кузнај што ме фате зедов во 10пм да јадам паштета оф лелеле. И сабајле од 6 си повраќав. Сега ми е малку смирено со чајче, гризинки и компир. Ама без кафе ..... Ајде уште некој саат и морам да го направам капучиното, ме гледа од масичката цело време..ме фаќа жал
Јас баш за кафето сакав да ве прашам.Во рана бременост не се пијат оние кафиња со кофеин или сум грешка....Кај да најдам безкофеинско кафе,и дали можам да пијам капучино,нес или препорачајте ми некое друго кафенце.Фала ви мили мои
Јас во 7ма и 8ма недела се напив турско со лимон поради страшна главоболка. Доктор ми рече ок е и со кофеин само да е 200мг дневно.Иначе @Martka безкофеински имам во Веро видено.Може и нес да пиеш. @Emma2 наздравје кафе,заслужено после толку време
Во умерена количина може да се пие кафенце. Јас неможев да го поднесам на почетокот, некако не ми беше убаво. Имав пробано и со макијато и со капучино,исто скроз Еве сега па некако убаво ми дојде,така по лајт си го направив. А иначе, безкофеински имаш сегде, Веро, Тинекс,Рамстор...