Истото сакав и јас да прашам...Др.Панчевски мене ми ја води бременоста до сега 18+ сум, презадоволна сум од него. Мислев кај него да го правам и вториот скрининг, ама читајќи по форумов прочитав многу добри препораки за Др. Димчев...па сега сум на мисла кај кого да го правам... Некој да сподели искуство со Др.Панчевски за вториот скрининг?
Devojcinja, Dimcev e na odmor koga ke sum 21va i 22ra.. pa se mislam dali 20ta ili 23ta e podobro da zakazam. Dajte iskustva
Најтопла препорака за др.Димчев за скрининзите, јас сите 3 ги истерав кај него, вчера ми беше последниот во 29та+5. Многу смирен и детален ,утка нема! кај него правев и аминоцинтеза во 21ва нед и само најубаво можам да кажам
јас го правев вчера значи 29+5 , кога се јавив да закажам во систина пред 2 недели и кога прашав кога е најпогодно да дојдам ми рекоа од 28ма до 32ра недела. Ма да незнам зошто на страната на систина пишува од 30та до 34та недела. Иначе ми наплатија како за обичен преглед овој пат 2500ден, скринингот е 4300 , баш ме зачуди.
Обичен преглед беше. Од сам почеток цела бременост до сега скринизи и обични прегледи по моја одлука ги водам во систина кај Димчев, кај матичниот напраив 2 прегледа само и упати зимам од кај него за крвна слика и мокрача кога треба да правам.
За вториот скрининг матичната ми кажа дека се прави од 21-23 недела, најдобро било во 22ра недела. Јас го закажав во 22+3, кај Др. Панчевски во Систина.
Јас пак знам дека е од 18-22ра недела вториот. Јас го правев на 20+0, и тоа во Ремедика ми рекоа да дојдам на втор во 20та недела.
Како ви кажуваат дека скрининг 2 се прави од 21-23, а на страната кај нив пишува 18-22? Еве ова е од кај нив сликано:
Да, знам што пишува на страната. Затоа и кога се јавив да закажам , закажав како што ми кажаа по телефон и како што ми рече Димчев , дека 21-23та најубаво се гледа плодот.
Девојки да ве прашам нешто околу третиот скрининг. Дали го правевте и каде? Го прават ли на ГАК или само по приватниве? Што поточно гледаат? Матичниот има и 4Д и доплер, дали можда е попаметно кога ќе одам кај него да види... На мисла сум бидејќи сум на строго мирување дали вредида се дрнкам во кола до Систина или Ремедика да го правам.. до сега на сите прегледи бебка супер си напредува, ама па шубе и ми е да не го направам...
Се исто како и вториот скрининг.Детално гледаат и мерат како се развиваат органите,ќе ти проверат протоци твои и на бебето.Во систина јас платив 2500 .
Сега се јавив да прашам, таа ја мрзеше изгледа баш да збори. Јас и викам што поточно се прегледува и која е цената, таа ми вика епа ќе те прегледа на ехо и ќе види што како и или ќе ти наплати како за ехо или како за скрининг. Викам на лице место одлучува докторот? Вика па да. А за цена вика од 2000 до 3000 (може и 3500 да рече не ја слушнав убаво, на носот му збореше) зависи